Девојки кажете ми каков магнезиум пиевте во бременост? Веќе сум 16та недела и мислам дека е време да почнам да го конзумирам, со оглед на тоа што ме фаќаат грчеви на нозете…
Јас го почнав овој негде при крајот на 17та, и помага за разлика од обичниот што го пиев претходно. Секако се консултирав со доктор пред да го почнам
Јас го пијам овој, ќесички се, се раствара во вода, бидејќи премногу ми се големи таблетките не можам да ги голтам, супер ми одговара, со оглед на тоа што рано почнав да го пијам воопшто не ми се ни јавија никакви грчеви досега( ако е до тоа)
Ама си загазив јас. Тоа што мислевме дека е воспален синус, за да смениме од Цефалексин на Панцеф, испадна денеска дека е заб. Нормално дека никој не работи во недела, а и утре, и нормално дека нема дежурен стоматолог. Болката ми е до лудило, немам плачено од болка од дете. Парацетамол пијам кога веќе ептен осеќам дека ќе се шекнам. Колку е дозволено? Нит јадам, нит пијам, нит спијам. Настрана што сум узатната и синусите стварно ми се полни. Кажете чаре како да издржам до вторник со болкава, колку парацетамол смеам, ви дозволиле ли нешто друго? На своја рака ќе посегнам, не се трпи. Ибупрофен ми рекоа намалувал плодова вода, а и во трето тромесечие не бил препорачлив..
Ако си од Скопје, можеш на клиника да одиш, бруфен воопшто не смееш во бременост, парацетамол, далерон на 4 часа минимум.
Оди си на клиника или во Систина си имаат дежурни стоматолози Не трпи болка До вторник ке полудиш од болка и плус ке се створе гној па ке осеќаш се кога ке работиш
Маката ми е што не сум од таму Најверојатно ќе си трпам до вторник. Парацетамол малку од малку потсмирува колку да можам да профункционирам, ама пак се враќа и ми иде да си ја лупнам главата од ѕид... Фала ви, женски.
Сакам да ве прашам доктор Јани каде поточно на трансфузиологија можеме да го најдеме? Спрат, број на амбуланта/соба?
Од толку време што си го носам умникот без проблем кога бев бремена во трето тромесечие најде да ме боли. Памтам исто си трпев за викенд за да не пијам апчиња и понеделникот кога појдов на стоматолог и кога му кажав дека не сум сакала да пијам апчиња против болка зашто јас колку што знам не смеам, ми рече дека смеам. Или барем во третото тримесечје во кое бев тогаш ми рече дека кетонал слободно сум можела да се напијам. Ова не значи дека треба ти да пиеш, ама само споделувам мене што ми беше кажано. Се надевам имаш број од матичниот гинеколог, побарај го и прашај за сигурно дали и што смееш.
На трансфузиологија, секогаш е во амбуланта 1, а денови кога е во амбуланта можеш да видиш на мој термин, обично се понеделници и среди.
Напиј се беналгин. Јас не често, ама ги пијам, бремена сум исто. Болката ќе ти намали сигурно. Или земи од дежурна аптека некој спреј за во уста со анестезија.
Јави му се на твојот стоматолог ќе дојде сигурно,еве јас не сум бремена дојам дојде ми стави лек,не се издржуваше болката.
Подарувам апчиња Антиметил 2 ленти од едната искористена 1 таблета од другата искористени 5 таблети со рок до 08.2027. Ако на некоја и требаат нека ми пише да се договориме од каде да ги земе.