Еве јас ова не го знаев за бруфенот, истото важело и за него. Мислев дека е дозволен во бременост, иако членки горе пишаа спротивно. Сигурна сум дека повеќе гинеколози ми потенцирале дека ибупрофен е ок, ама еве сега кога загазив докторката ми рече дека не смеам во трето тромесечие, една од причините оти намалувал плодова, а јас претходната бременост баш имав проблем со тоа.
Кетоналот и бруфенот спаѓаат во истата група на лекови, ни двата лека не се препорачуваат во бременост бидејќи ги имаат истите ризици, покрај намалување на плодовата вода може да направат и други компликации особено во 3 триместар поврзани со бебенцето. Најбезбедно во бременост само парацетамол.
Девојки дали изложеност еднаш од неколку саати во затворена просторија каде се пуши и прилично загушлива може да влијае лошо на бременоста, во прво тромесечие?
Еднократна изложеност од неколку часа најчесто не предизвикува штета на бременоста, особено ако понатаму се избегнува таква средина.
Влијае лошо и за нас возрасните општо, не само за бременоста, бидејќи нели пасивно вдишуваш, што не значи секако дека ќе се јави некој проблем од еднаш но сепак внимавај си за наредно колку можеш да избегнеш.Јас цела бременост не влегов во кафич каде се пуши внатре, сега од кога се стопли на отворено неколку пати сум седната, а и цела зима избегнував гужви, слави каде има многу луѓе и затворени простории баш од тие причини и секако настинки и вируси низ зимата бидејќи нели имаше многу. Се ќе си биде во ред.❤️
Ми треба помош од членки што правеле рефундација за клексани, дали е ова барањето кое за пополнува од Фондот? Треба да штиклирам на првата страна така под А? (за осигурени лица кои во периодот на користењето на здравствената услуга имаат платено придонес за задолжително здравствено осигурување). https://fzo.org.mk/sites/default/fi...rasci/nemedicinski/mk/9.2.-obrazec-r2-mkd.pdf
На неколку теми имам прочитано дека некои жени не прават разлика помеѓу болка и напон. Може некој од тие што веќе имаат родено да објасни поубаво што е разликата?
Јас родив дете без напон. Не осеќав ништо освен болка. Буткав на сила (како за во вц) кога ми кажуваа да буткам. Ме исекоа и испукав плус, не знам дали поради ова..
Болките се цело време Стомак половина се боли во исто време додека се отвараш и бебе се спушта надоле Кога ке дојде време да испадне бебето на овие болки плус добиваш чуство дека ти се кака Тоа е напон Тогаш туркаш како да какаш
Тогаш стоматологот ми има дадено грешна информација. Баш онака муабетот му беше - кој ти кажал дека не смееш, смееш да пиеш. После ми беше чудно и во Систина првата вечер после пораѓај ми понудија дијазепам и кетонал (спонтано породена) а одма почнаа да ми го носат за доење.
Фала ти, дали мора лично да идам јас? Не ми одговара локацијата на фондот ич со работа, мислев да го пратам сопругот да заврши
Би требало да може затоа што само се оставаат документите на шалтер, ама обавезно да си направиш копија од фискалните сметки и трансакциската затоа што бараат и тоа покрај оригиналната сметка и фактура.
Значи оригиналите + копии од фискалната и трансакциска? Овој формуларот пак да прашам - под А) треба да се пополни?
Од фискалната носиш оригиналните + копии ( зашто викаат дека копиите ќе им станеле бледи за 10 дена, како да не се гледа што си купил ама ајде), а трансакциската само направи си копија од картончето или извод кај што се гледа дека си ти носител на сметката. На образецот штиклираш од број 3 до 5 кај Б.
Здраво, се размислувам за пораѓај во Систина кај др.Младен или др.Корнелија, па ако може да споделите искуства илии препорака кој да се избере
Кетоналот е безбеден да се користи при доење затоа што скоро и да не се излачува во млекото, исто како и ибупрофенот. Меѓутоа и за двата лека не се препорачува да се употребуваат во трет триместар затоа што е утврдено дека предизвикуваат последици на плодот/бременоста.
Здраво девојки Бремена сум,7ма недела ја терам,утре одам на ехо. Прашањево, за тироидна, од пон до чет пиев Еутирокс 50, за викенд 25. Сега ендокринологот ми рече да прекинам до понеделник, а потоа да продолжам со 25, и за две недели пак да проверам. Искуства?