Јака ти е дозата, затоа ти намалува да се стабилизира. Кај мен обратно одеше па, ми бараше организмот повеќе тироксин и ми ја зголемуваа како поминуваше бременоста. Со лесно
До која недела ве советуваа да пиете магнезиум? Од почеток пијам бисглицинат на healthaid 2х1, кога како. За два дена ќе влезам во 35та недела.
Здраво девојки. Денес бев на ехо, и според последен циклус треба да сум точно 7 недели, на ехо ,големината на ембриончето одговара за 6. Освен премама, витЦ1000, др не пијам. Денес ми кажа и магнезиум да земам, па од кои користите,кои се подобри?
Дефицитарни се, барај од утре, мислам денес им е најавено дека ќе дојдат, барем во мојот град таква информација ми дадоа
до 4-5 месец воопшто не пиев не можев ни да го намирисам, после почнав по едно, некогаш ми се случува 2 послаби на млеко повеќе ако е нес, поретко пијам турско
Доколку немаш проблем со таблетки бидејќи се доста големи за голтање имаш многу избор, ќе ти кажат и во аптека кој се подобри за трудници кога ќе одиш, јас барав во ќесички стрикно па едвај наоѓам искрено, инаку како најдобар најчесто го даваат на Solgar.
Здраво девојки Потребен ми е совет доколку некој се нашол во слична ситуација, 17та недела сум бев вчерс на преглед и докторката виде во плодовата вода честички Имам направено брисеви пред 4 недели кои беа чисти, CRP и леукоцити се во ред проверени пред една недела, исто и уринокултура уредна. Да напоменам од терапија ставам циклогест вагиналети. Дали некој се нашол во слична ситуација? Секој совет ми е добредојден зошто навистина се загрижив, инаку бебето си напредува супер.
Веројатно мисли на слаџ, тој го опишуваат така како бели честици во плодовата вода како последица на инфекција и обично даваат антибиотска терапија. Што ти објасни докторката? Дали ти мереше цервикс?