Не ми мереше, ми кажа може да биде покоцентрирана плодова вода, протеини или во краен случај инфекција Ми рече ќе се следи состојбата ќе види на следен преглед ама мене ми е тоа многу чекање и да сум помирна мислам да направам брисеви следна недела и мерење на цербикс
Слаџот може да се јави и покрај чисти вагинални и цервикални брисеви. Побарај второ мислење за мирна глава и мерење на цервикс кој обично го следат од 16та недела.
Da, jas taka znam deka e so opsta anestezija vo slucaj na primen kleksan, mislam deka treba 24 casa prethodno da se primi.
Дали има некоја од вас што нема правено Нифти само приска.. Се е во ред, ама од се што се изнаслушав и тоа што проверувало нифти некако ми дојде шубе иако не се оптеретував толку. 25 недела сум некако ми е веќе касно да правам..
Има многу што не правеле, а и од тие што направиле имам доста познанички, пријателки, колешки кој велат дека не би направиле за наредното бидејќи тестот не е 100%точен и не биле задоволни. Јас го направив бидејќи на мојот доктор му е тоа пракса и ги праќа сите како да е задолжителен преглед не те ни прашува, инаку можда и немаше да направам.
Има многу што правеле, не е задолжително. Според мене треба да биде бесплатно и задолжително, како и секаде во свет, но овде како и за сѐ, само пари да се прават. Ако е се во ред на скрининг, немај гајле.
Овој магнезиум (цитрат) многу малку се апсорбира во телото - околу 20%, останатото само поминува низ телото и се исфрла. Многу подобра форма со околу 80% абсорпција е Магнезиум Бисглицинат. Го има на HealthAid во форма на таблети @Malina@ ако не можеш таблети да пиеш има во форма на прашок - напиток со вкус на лимон на Jamieson фирмата и е без шеќер. Го има во Еурофарм.
По препорака е земен секако, и на Солгар кога го земав доктор ми даде магнезиум цитрат бидејќи бил најдобар така да не знам што би ти кажала
По чии стандарди го мереше дека е најдобар? По стандардите на докторот твој? Еве мојот вика дека на Солгар не е најдобар, и сега? Фактот што јас го посочив е научен - степенот на абсорпција на конкретната форма на магнезиум, и не се врзува со бренд туку со ТИПОТ на магнезиум во самиот суплемент. Не мораш толку дефанзивно да настапуваш. Само заради тоа што ти си го пиела тој магнезиум не значи дека тој е најдобар. А за споредба можеш малку да изгуглаш и да се едуцираш или да излисташ мислења наназад од други членки ако на мене не ми веруваш
После бисглицинат, цитратот е исто добра форма на апсорбирање во телото, е сега може и дијареа да направи, мене лично ми прави. Солгар е исто една од подобрите ајде фирми да кажам за суплементи, но се зависи на кој што му одговара.
Не реков дека Солгар е најдобар, не е моја фирмата па да ја застапувам, така ми беше кажано, тој ми го дадоа, од кај да знам јас по кој стандарди го одбрал докторот баш тој магнезиум, од двајца доктори ми беше даден магнезиум ЦИТРАТ ете од различни фирми и тоа беше поентата на муабетот нели. Девојката ме праша каков земам и јас и кажав, не е морално дека мора истиот да го зема како и јас. Сигурна сум дека девојката си има матичен лекар слободно може да си се консултира, има интернет нека си побара, пошо нели треба да се едуцираме ние што не сме едуцирани, па најдобро сама да си побара или праша доктор.
Ни јас не реков дека некој конкретно е најдовар, туку само дадов сугестија дека постои подобра форма на магнезиум од посочениот со 3-4 пати поголема апсорпција и од кој бренд може да го најде во таа форма. Поентата ми беше дека генерално ефектот од земање на магнезиумот е подобар со Бисглицинатот. Е добра форма, меѓутоа е многу поостар за стомак што кај трудници е секако проблем и има поголема веројатност за несакани ефекти. Бисглицинатот е особено добар и помага при стрес, несоница и олабавува мускулна болка. Овие проблеми мислам дека секоја трудница ги има. Ако има констипација тогаш може ќе и биде сугерирано да земе цитрат.