И во Швајцарија се плаќа тестот доколку сакаш ти да го правиш без да има некој видлив проблем на скринингот само приската е бесплатна ..
И јас не ти ја демантирав изјавата, туку само кажав дека по препорака на доктор(и), не на своја рака, земам магнезиум цитрат и тоа не значи дека треба сите истиот да го земаат или да биде стрикно од одредена фирма, само одговорив на прашањето кое членката ми го постави.
Колку се плаќа? Во Германија се доплаќа за полот само ако сакаш да го детектираат, иначе е без пари и задолжително, исто и Холандија.
Докторката ми рече или цитрат или бисглицинат, сеедно, но од цитратот имам дијареа , така да попладне ќе побарам бисглицинат. И ви благодарам на исцрпните одговори. Матичната ја прашав за ставање вагиналети утрогестан, иако немам крварење, но рече нема потреба
Баш исти стандарди сме со Швајцарија хаха. Јас знам во Белгија е бесплатен пренаталниот, сигурно и во многу држави низ Европа ама далеку сме ние од таму … бар 50% да рефундираа ќе беше колку толку во ред
Ма и 50% е малку, ако толку не може да биде без пари, барем некоја симболична мала сум да е, не 800 евра…
И уште полошо е што како да го наметнуваат сега последно, дека е подобро да го направиш, за превенција, па што ако ова, што ако она, па и да сакаш да одбиеш душа не ти дава, само ќе се мислиш после, а доста случаи знам каде ни полот не го погодиле, а ти пишува 99,9% е точно. Порано знам повеќе го препорачуваа кај родилки над 30 и некоја година и ако е ин витро бременост, а сега кај сите буквално, а стварно 800е се многу ама што ќе ти кажат тоа ќе правиш…
Не сум сигурна колку ама не е малку сигурно. Колку здравство плаќаме месечно треба да е бесплатно, а за у МК да не коментирам се си знаеме .
apcinja ne mozeme da zemame so recepta ne pa testovi, kolku pati se nervira sve za djabe plakame osigurnje. Skoro 90% od terapijata ni se na privatno
Бремена сум 9 недела. Што можам да пијам за болно грло во бременост? Имав стрептокока во грло испив амоксиклав но пак ме гребе грлото. Дали смеам ангисепт од жалфија? Инаку прскам прополис без алкохол и пантенол но нема ефект...
Овие доста ги фалат, и тука ги имам видено објавени, и приватно ми се препорачани повеќе пати, но никогаш не сум ги пробала искрено, па мое лично искуство не можам да ти кажам, некој ако ги пробал нека каже. Инаку се безбедни за трудници и доилки, наведено е и во упатството. Има и други вкусови
Стрептокока кај мене не се лечи никако со амоксиклав, јас џабе се труев. Зависно од тоа во кој триместер си, со мислење и од Доктор, панцеф е подобрата опција. Барем кај мене така беше Јас се намачив многу со стрептококата, гнојна ангина па сериозно воспаление на уво имав затоа што се покажав резистентна на амоксиклав (иако во антибиограмот стоеше како сензитивна).
Која мајка се пораѓала периодов на ГАК да сподели што треба да си спакувам за прием? И после за бебе што ќе треба? Се' сум заборавила.
Папучи Влажни Тоалет Земи онакви за постилање што не пропуштаат вода за бебиња се користат не ми текнува како се викаат да си менуваш да не лежиш на крвав чаршав Улошки памук најмалку 3 пакетчиња Можеш мрежа гаќи Пешкир лице и тело Чешел Сапун за раце Козметика за тебе Вода Храна може да ти носат качуваат на 3 саати За бебе памперс и влажни јас носев и крема не ми побараа ниту еднаш.
Девојки, мачнини како регулирате, денеска приметив дека после пиење на фолна ,ми станува лошо и имам мачнини. А тек 7ма сум
Фала, мајка. Царски ќе сум јас, веројатно истото ќе треба. Пижами/спавачи од дома се носеа или од таму даваа?
И мене тогаш ми почнаа, пробај да пиеш фолна после јадење и само со голтка две вода, затоа што мене ми се случуваше ако испијам повеќе течност после оброк одма да повраќам. Во однос на регулирањето кај секого различно, јас пробував помали оброци повеќе пати во текот на денот ама и покрај тоа имав гадење и повраќање до кај 13та недела. Само полека и со лесно