Мене цел прв триместар ми беше многу лошо, ми помагаше само кисела вода со лимон и ладен чај од лимон, буквално ништо не можев да јадам само суво јадев ѓеврек, двопек, некогаш плазма грицкав, тоа поднесував, ми се смируваше колку толку
Кога ќе можеш и колку ќе можеш ќе си каснеш нешто, јас некогаш јадев само по еднаш денот колку да преживеам хаха и само вода со лимон по цел ден Некој ден полошо, некој ден подобро, повеќе ќе си каснеш и ќе помине
Здраво. Сакам да ја отворам темава за да видам дали и други трудници се соочуваат со истото. Имено, кога влегов во осми месец почнаа стрии да ми се појавуваат на стомакот, а околу нив осип што премногу чеша. Од вчера ми се воспали уште повеќе, се прошири и на препони и на раце, 32 недела сум, носам машко бебе па читав за некоја состојба ПУППП што се јавува кај трудници претежно во третиот семестар од бременоста. Во консултација со дерматолог ми беше препишана Бетаметазон маст (кортико) во тенок слој два пати на ден и по еден Лоратадин навечер. Искрено сум скептик за кортико, бидејќи на стомак треба да се мачкам, па денеска купив една грчка крема кортико ама на природна база (Frezyderm Anticort). Дали ви се има случено, дали поминува и со што сте го третирале?
Здраво девојки имам едно прашање до вас. Дали некоја трудница има пиено магарешко млеко? Дали може да наштети на плодот?
Има ли на форумов некоја родилка со позитивно искуство за спонтано породување во друга положба освен на грб ?
Имаш цела тема за појава на стрии во бременост, таму можеш да прочиташ повеќе искуства околу третман на веќе појавени стрии и третмани за избледување или отстранување. За осипот не би знаела да ти дадам медицински одговор, но пробај мачкај се со масло, можеби ќе го смират. Обично чешање се јавува затоа што се растегнува кожата па можеш да пробаш со кокосово или маслото за трудници од ДМ или комбинација од повеќе масла.
Magnezium ne e za macnini, probajte so B6, go smiruva zeludnikot. Tuka kako sto imam citano i drugi raboti zemale clenkite ama jas ne gi koristev.
Магнезиумот го земам поради грчеви во нозете, не секогаш,но превентива додека отидам за да испитам д димери
Претходно од цитратот имав дијареа, сега од овој грчеви,ќе видиме вечерва, нема да пијам,па ќе видам што ќе се случи