Здраво на сите, веќе 2 недели имам кафеав исцедок. Вчера бев на доктор. Инаку сум 5 недели и 5 дена бремена и сум многу сигурна дека сум толку, бидејќи имав само еднаш незаштитен однос и овулацијата ми беше на 12-ти ден. Сепак, гинекологот измери гестациска кеса од 23 мм, што одговара на 6 недели и 5 дена, а сè уште немаше ембрион. Не знаеше од каде е кафеавото крварење и ми препиша прогестерон. Како може гестациската кеса да е поголема? Дали има некој слично искуство?
Дали знаете од колку до колку часот може да се земат резултати од трансфузиологија скопје? Вторник од сабајле бев, претпоставувам петок би биле готови резултатите?
Здраво женски, имам бебе 12м и добив позитивен тест за втора бременост. Секој совет ми е добредојден за се. Бебето ми е поприлично крупно, сама живеам сопругот цело време е на пат, никој немам за помош што значи го кревам цело време во раце и сите обврски околу бебето и дома сама ги извршувам. Би сакала да слушнам искуство од мајки со ситуација слична на мојава, дали сте истерале бременост во ред и до крај.
Здраво, дали се нормални болки во матка, стомак, како жарење некое на моменти, лево, десно? 20 недела сум и досега не сум осетила, последнава недела почна, бебето е поприлично активно, пијам магнезиум цитрат од 400 мг. Дали да земам нешто плус? Фала многу
Подарувам труднички хеланки s-m и фармерки бр. 38-40 (по два пара). Пишете ми ако некоја е заинтересирана ќе ви пуштам и слики.
Јас за себе би кажала искуство. Болките се на бранови, тоа се контракции. Во зависност од тоа како тече пораѓајот, на 10, 5, 3 минути и слично, почнуваат и траат некое време па престануваат. Индивидуално е, но сепак отварањето од 8 до 10 сантиметри и дефинитивно интензивно и паузата меѓу контракции е минимална. Значи болките (во мојот случај) беа во тој период речиси цело време. Откако заврши тој процес почнаа напнувањата, мене лично ми дојдоа природно, осеќаш дека треба да буткаш и исто рака доаѓа на одреден период. Болки имав и тој период но буквално те тера како да одиш во тоалет. Откако родив болките престанаа во истиот момент.
Јас имав скроз иста ситуација и тоа со царски породена. Моето дете е исто потешко но морав да го кревам цела бременост и немав никакви проблеми. Сега избегнував колку можам, но не е дека не го кревав. Се помина во најдобар ред, втор царски супер единствено што ми беше тенок резот и го пратевме во девети месец гледав што побрзо да се породам да не ми почнат природно болки. Супер се прифатија еден со друг, на почетокот само бебето од грчеви кога плачеше во хор веднаш и постарото. Сепак се надевам ќе имаш помош отпосле кога ќе се роди, мојот маж исто оди на пат но сега е дома и заедно ги чуваме.
Денес бев на контрола. Имав баш шокантна недела,но фала Богу ,сепак надеж имам. Имам напишано за тоа во претходно мое прашање. Сега ме мачи следно: денес на контрола плодот излесе според големина 6+2 а според последен циклус треба да сум 7ма недела. Дали некоја има ова искуство? Дали е проблем,бидејќи матичната несака да кажува и остави за 10 дена повторно ултразвух.