Ќе си дојде се на свое. Би ти препорачала да го одбиеш од доење веќе поголемото кога веќе си бремена, доста му е. Колку можеш помалку го кревај сега на почетокот и со лесно бременоста.
Баш мислев дека прикрај најмногу качуваат. Многу малце мрда во тежина, се' е околу 2500 на последните три мерења, мерени од 3 различни доктори, на 3 различни апарати. 36та недела сум инаку и од сам почеток го мереа поголемо, дури двапати праев огтт оваа бременост заради големо бебе, големо стомаче. Првото, во 36та, ми го мереа околу 2800/900, се роди 2590. Ова ако го мерат 2500, мош и многу помало ќе се роди. Наводно, барем матичната вели дека антибиотикот и самата настинка/вирус тоа правел, бидејќи мојот организам бил 'фокусиран' на тоа да се 'излечи'. Штознам... Следна контрола имам за 10тина дена, баш ќе видам дали има напредок... Мене многу оптимистично ми делува втор царски да се чека до 39+ ама океј, иако не верувам дека ќе стасам до таму.
Здраво, бев на прв преглед и сеуште не се гледаше ништо, според последен циклус би требало да бидам 5 +1. Дали е прерано? Ми закажаа повторно преглед за една недела
Да, денот кога имав позитивен тест со два дена каснење ми беше 130, после 3 дена 1065(тој ден бев и на преглед)
Феминки помагајте. Од петокот осејкам болки во стомакот иначе сум 29та недела бев на преглед во петокот ми напраја ЦТГ резултатот покажа мали болки ми рекоја можно е да е од бактеријата иначе неколку месеци се мачам со ешархија коли со 1 милион честички сексков вид на антибиотик чајој и пак никако не се намалвит пак е на 1 милион честички сега од пред 1 сат почна премногу да ми се тврдит стомаков и повторно имам болки.Кажете ми чаре некое како да ја излечам бактеријата ова не се издржвит појке.И да ми спомени ја дека можно е да дојдело до предвремено породување од бактеријата.(Иначе се мислам да појдам и на една контрола во Систина)
Оди на доктор веднаш. Не сакам да те плашам затоа не коментирам. Појди на дежурен. Ама не е за со чај ова, и не е за дома да го средиш..
Zdravo, ispituvav krv i mokraca, na mokraca kaj kristali e pozitivno, epitelni kletki pozitivno, proteini pozitivno, bakterii pozitivno Minatiot pat bese isto i ostaviv vo mikrobiologija mokraca nemase bakterii se bese vo red, ovoj mesec pak isto
И мене ми излегува бактерии позитивно, а уринокултура стерилна, симптоми на уринарна инфекција немам, ми рече матичниот заради контаминација во земањето мокрача покажува така и повеќе вода да пијам. А за другите работи не знам..
Трудни мами, подарувам нови неотпаковани картички за трудници и налепница за автомобил. Од Скопје сум
Од синоќа ми се појавија некои непријатни грчеви во стомакот, цела вечер не спиев, малку и анксиозност ме мавна. 16+4 сум. Грчевите ми се од време - на време, шета болката, ноќта беше на десната страна, сега доле по централно. И тежина осеќам како да ми затежи стомакот, па одам по бавно денеска и по внимателно. Не знам што да правам, дали за ова има потреба да се јавувам кај матичната, дали е нормално - ненормално? Едвај чекам да се приберам од работа да се испружам. Земам магнезиум директ од Натурал Велтх, навечер пред спиење. А синоќа што ми текна, си исцедив сок од лимон и портокал, да не е од тоа нешто реакција?
Лажни контракции се, баш тој период почнуваат. Ако пиеш една доза, зголеми на две магнезиум. Сосем нормална појава се, но непријатна.
Здраво мамички Терминот за девет дена,синко нема абер да излезејас едвај чекам оти мие претешко Немам апетит во последно,лошо спијам многу,лажни контракции колку да сакаш,болка импритисок во долниот дел од стомакот на моменти,тешко се вртам од една на друга страна и така натаму Си бројам ситно и чекам да ме фатат болки Како сте вие? Некоја пред пораѓај да каже како и е да не биде дека само јас кукам