Многу се две недели, јас би одела повторно на лекар, воопшто не би чекала, особено кога кажуваш дека се јаки болките. Подобро оди пак и нека е за џабе што би се рекло отколку да се мислиш цело време под стрес да си и плус да трпиш болка. Дај Боже се да си е најдобро, ништо да нема ама сепак ако се јаки болките направи си уште една контрола
Сум немала хематом ама со болки посебно ако се јаки би заминала пак на болница. Нека ти направат еден ултразвук за секој случај. Може треба поголема прогестеронска поддршка.
Здраво девојки, 34+4 сум имам болки долу при вртење во кревет или при подолго лежење, ако се движам не осеќам,но кога ќе седнам или легнам не можам да најдам позиција... исцедок имам зголемен без боја и без мирис...35та недела сум за брис па си реков дури чекам некој искуство да сподели
37 и некој ден. Киселини како ниеднаш во овие 9 месеци. Тешко на желудник, дури ми се повраќа. Нели требаше да ми олекнува на желудникот откако ќе се спушти бебето надолу? Мене полошо ми станува од ден за ден со киселиниве.
кај му е главата ? да не била доле па да се завртело горе па тогаш да притиска мн со главата горе на желудник и се ствараат страшни киселини.
Долу наместена беше мојава ехееее. Додека не искочи, ама буквално, повраќав од киселини. Ме смируваа со реглани пред да ме качат на бокс.
Јас одма би одела на доктор. Кажете каква е ситуацијата, дека сте имале обилно крварење а сега силни болки, веднаш ќе ве примат. Се надевам дека ќе биде се добро. Дали ти дадоа некаква терапија? Прогестеронска подршка, магнезиум?
Ви се случило ли како да ви се стресува цела снага, т. е. во моментот ем слабост, ем глад почнувате да осеќате? Дури и уши почнуваат да свират, притисок паѓа? 22 недела сум, ќе испитувам крвна слика и мокрача следниве денови... Освен од растот на плодот и слабо железо /хемоглобин што може да е друго причината? Досега сите испитувања ми се во ред.
Знам дека причината може да е пад на шеќерот... Гестациски дијабет, треба да испитам, дали тоа е посебно испитување што се прави, одделно од крвната слика? И пред бременоста ми се случувало вака, причината била ниско железо.
Еднаш да, тој период беше отприлика, ме стресе ладна пот и црни точки пред очи мислев ќе се онесвестам. Каснав благо, се напив ладна вода па се стабилизирав за брзо. Скриен шеќер 24-28 недела се испитува, посебно е од крвна слика да, ќе ти објасни матичниот
Да, различно е. Одиш гладна, јас бев околу 10-12 часа нејадена. Боцкаат на гладно, потоа пиеш блага течност, боцкаат пак да видат како се движи шеќерот 1ч по оптоварување и третото боцкање е 2ч по оптоварувањето. Во меѓувреме ме советуваа да не се движам, за најточен резултат. Имав исти симптоми како што кажуваш, еве и денес ми се случи после месец дена. Кај мене испадна шеќерот многу низок и на гладно и по пиење глукоза. Немам дијагноза гестациски дијабет, ама со препорака сум после пораѓај да се доиспита зошто е толку низок. Се сомневаат на хиперинсулинемија ама тоа отом потом. Како ти се движи на гладно до сега на обични крвни анализи?
Здраво девојки, колку ви наплакаат матичните за преглед и дали ве гледаат и на 3д/4д ехо? Имам термин за утре ( до сега 29та недела одев во систина ) им нагласив дека сакам и 3д/4д ехо и колку тоа ке ме чини и на телефон не ми кажаа, ми велат ке ти кажат утре да се договорите прво што ке правите. Сакав барем од прилика да имам претстава. До сега само прв скрининг кај нив го платив 1500 мкд. Како е со вашите матични? Поздрав
Здраво девојки, може ли да ми кажете што користите за затнат нос во бременост, до степен да не можам да дишам, посебно кога ќе легнам, денеска не успеав да отидам на др. Дали има некој спреј што е безбеден? Ви благодарам
Мене прв скрининг кај матичен ме чинеше 3000. Секој ехо преглед 500денари ,независно дали 3д,4д ,доплер, вагинално ,абдоменално или комбинирано.
На цела територија на државава законски не смее да ви наплати матичен гинеколог. Ако ви наплаќа, одма пријавете го.