Женски на почеток на бременост, на колку време одевте на ехо? Јас последен пат бев во 7ма недела, тогаш слушнавме и срцева акција. Наредниот преглед ми го закажа за во 11та недела. Не е некако многу долг период тоа?
Исто и мене ми закажа така. До 7ма на две недели, после тек за 4 недели. Ја во меѓувреме во 9та си бев на приватно.
Женски на почеток на бременост на колку време одевте на ехо? Јас бев во 7ма недела и тогаш слушнавме срцева акција а наредниот преглед ми го закажа за во 11та недела? Не е многу долг период тоа? @Feniksgirl по грешка го имав избришано прашањето, видов дека ми имаше нешто одговорено
Женски на почеток на бременост на колку време одевте на ехо? Јас бев во 7ма недела и тогаш слушнавме срцева акција а наредниот преглед ми го закажа за во 11та недела. Не е многу долг период тоа? @Feniksgirl по грешка го имав избришано прашањето, видов дека ми имаше нешто одговорено
Исто и мене ми закажа така. До 7ма на две недели, после тек за 4 недели. Ја во меѓувреме во 9та си бев на приватно.
Не даваат фискална кога наплаќаат. Три гинеколози сменив. Немаме друг. Не знам колку е практично од друг град да имам матичен гинеколог... ако не ти е проблем ме интересира кој ти е матичен ,да го имам во предвид,доколку прима нови пациенти.
Мене ми е Билјана од Гинекомама матична. До сега ниеднаш ми нема наплатено во бременост. Само првиот преглед за потврда и ниедаш после тоа.
Zdravo , Jas pravev vo Genomiks panorama advence mislam deka bese 49.700 den Premnogu sum zadovolna rezultati imav za 8 dena .
Јас бев 5та недела за потврда на бременост, па 7ма за срцева акција, околу 11та за скрининг итн така да, така ќе му дојде на 4 недели одам на прегледи. Таман е така, ако има нешто секако ќе одиш порано на преглед.
ХаниБани, па и до сите останати членки, пишувајте ги орданициите на гинеколозите кои работат согласно законот и не ги наплаќаат прегледите кои ги покрива фондот за здравство.
Да ви кажам, три матични сменив низ годиниве. Толку се, нема повеќе опции во Кавадарци. Сите наплаќаат ехо 500ден а никој не дава фискална. Последно се разочарав што за малку приватно ќе плаќав и за анализи на д димери и хемостаза. А за трудници било бесплатно и плус имаат предност,не чекаш,а матичната не ни ме информира дека не се плаќало. Изгледа очекуваше дека во нејзината лаб ќе ги правам сите анализи за крв
Пријавувани се ,верувај. Ама нема фискална, нема доказ. И сега треба да бирам матичен на 150км од мене. До душа и така ни фалат куп специјалисти во државна па одиме Ск. И после преоптеретен бил системот на секундарно ниво . Па ќе биде, нема специјалисти, или тие што ги има си работат приватно ,или за жал не ги бива. Уште малку цела нација ќе се лечи и ќе раѓаме по приватни клиники.