Честитки со лесно.Мене мастики ми помагаат за киселини сега ми се јавија 34 недела.Ајде со втора бременост е полесно.
За депресивна не сум, ама во вторава бременост пре многу плачев и многу брзо менував расположение, хормониве горе доле за 2 мин. Нормално е некогаш така да се чувствуваме. Шеташ ли, се дружиш? Што точно чувствуваш?
Искуство со скратен цервикс 20мм во 28ма недела? За серклаж е доцна, само мирување и прогестерон? Ништо не ми кажаа за инекција за зреење, само лежење. Симптоми никакви..
За колку дена си на контрола .Ако се крати цервихот повќе од 20мм барај зреење.Лежи повеќе , и провери уринокултура и брисеви .
Контрола за цели 2 недели од сега Последните брисеви (пред 2 3 недели) чисти ми беа, а уринокултура ќе правам деновиве имам упат
Лежи од кревет до тоалет.Јади во кревет избегнувај седнување ,скали и наведнување.Почни пробиотик ако не пиеш некој поквалитетен .Јас би направила брисеви пак.Мора да има причина што се крати цервихот ,барем ќе знаеш дека се е ок.
Не со никој не се дружам ; многу ретко излегувам ; само на работа одам и дома друго ништо ; дури и маж ми го осеќам многу недостижен не може да ме разбере како се осеќам..
Не депресија ама некои денови ме фаќа тешка анксиозност и страв како и што ќе биде особено сега како се наближува термин веќе 35 недела и 3 дена сум, некогаш око не можам да склопам по цела ноќ буквално ама се тешам дека како така мора да излезе некако…
Тоа ти е грешка, мораш да се опушташ и да излегуваш да се дружиш, чисто колку да промениш мисли, почни поретко па ќе зголемуваш излегувања. Мислите се страшна работа, ама мора да ги контролираме, да најдеш што те развеселува и така да се чувствуваш подобро. Песна, книга, филм, прошетка, сладолед некогаш е доволно малку за да ти е подобро. Мажи... демек разбираат ама уствари ништо не разбираат како ни е. Мојов покажува разбирање ама знаеше да се чуди како уште ми се лошело, како ми се спиело, како ми се плачело мажи не може да разберат ниту трудна жена ниту мајка зошто никогаш нема да се на наше место. Не му се секирај многу, пробај разговарај олеснувај си, па колку сфатил сфатил. Тек па после породување какви ќе сме со хормоните
Земи спиј. Ќе жалиш што не си спиела. 5 месеци пројдоа не знам што е тоа сон во континуитет. Не му ја мисли. Што влегло мора да излезе Ми е криво што повеќе не си лежев и не спиев. Мада на крајот веќе беше и невозможно да спијам. Спиев седечки.
Во авицена тафталиџе, растворено е цело, колку ми беше вкусно мислев и втора чаша можам да испијам, баш се чудев зошто многу од вас се жалат хахаха. Со 3 боцкања, удобни им се фотељите. Топ пројдов
Одлично искуство имам мене и ваучер ми доделија од 100 еуро од кај матичната и добив попуст , прашај си за ова .
Така си е, и јас така се тешам мора да излезе некако Инаку за лежење си лежам си одмарам, ама кога ќе ме фатат бубачките не можам да заспијам…
Мешиња со првата бременост прво вас ве известив. Па еве и сега ☺️ Само што го направив тестот ми доцни 1 недела. Не знам што да кажам различни емоции ми преовладуваат искрено се тресам додека пишувам Нека ни е лесно на сите, па и мене
Не знам дали ти е прво дете. Мене да. Цело време викав леле нека излезе веќе не можам, а мајка ми ми викаше абе уживај ништо не е ова. Јас пак абе нека излезе полесно ќе ми биде барем ќе дишам и ќе имам што да правам вака досадно ми е. Она пак дете уживај после е потешко. Јас пак по мое абе како не после било потешко. Значи првите 3 месеци особено за прв пат мајка и те како се тешки. Затоа ако ти е ова прво бебе уживај, земи спремај си мекици, прави си сама декорации, јас сама си правев дизајн, па ги печатев, па картичка по картичка ги сечев, па им лепев чоколатце. Па на Пинтерест дремев идеи за салфетки па и тоа правев мотав. Цел месец имав активност. Како ќе одминува времето ќе ти биде и потешко. Ако смееш да шеташ оди по продавници купувај за бебе, спремај детска соба. Леле колку уживав во се тоа кога ќе ми текне. Ако седиш дома и само мислиш потешко ќе ти биде.
Јас со првото правев во синлаб и исто искуство имам грутки беше и едвај го испив ми се повраќаше уште додека го пиев, сега правев во Рамус во Аеродром (со 3 боцкања) и супер поминав беше одлично спремено,по малце пиев во рок од 5 мин.
Дали можете да ми препорачате искуство со стручен и добар гинеколог? Во јануари имав missed по кој што ми правеа вакум и киретажа. Би сакала преглед кај стручен гинеколог кој што има искуство со вакви случаеви во врска со тоа што понатаму треба да се превземе и кои испитвања да се направат