Јас имам правено инхалации двапати на ден со 2.5милилитри физиолошки раствор некаде 6ти месец бев али верувам дека е безбедно само солена вода е тоа.. сепак прашај,јас количината сама си ја зададов дека толку на синот (2год) му ставав Спреј аквамарис многу ми помогна за синуси и парацетамол највеќе за главоболка пиев немав тт
Искрено не знам вака да кажам. Во тенџере вриев вода со неколку лажици крупна морска сол и на крај кога ќе се оладеше шмркнував од водата прво со едната ноздра после со другата. Прееемногу ми помогна затоа што веднаш се ослободив од секретот.
Во мало тегличе стави ситно исецкан кромид со мед. Остави го да отстои еден ден и после тоа пиј ја течноста. 3 пати на ден по едно кафено лажиче. Мене ова ми помогна за кашлицата. На гради мачкај греана ракија со маст и бибер. На цело тело можеш со тоа да се измачкаш и да се препотиш.
Со скратен цервикс и фунелинг и строго мирување во 29 недела без серклаж, на колку време имавте преглед за мерење на цервиксот? Некако многу ми изгледа на 2-3 недели контрола?
Со серклаж ,ама скратен цервих и фунелинг контроли на 7 до 10 дена.Колку е скратен цервихот ако е над 25мм е ок на 2 до 3 недели, ако е под 20мм тогаш е долг период
19 па второ мислење 22мм ми рекоа пред една недела.. ке побарам следна недела пак да отидам барем за тоа само, среќа неможам сама да си го мерам досега 10пати ќе проверев
Жени во петокот бев кај матичната на контрола 31+6 рече се е во ред постелка масна хомогена бебето напредува супер. Во понеделникот 32+2 недела бев во болница за патолошката за документите и докторот ај да те видам на ехо и ми вика има лакуни малку мали ама не е страшно. ама ме замисли тоа што матичната вика океј е се ваму друго кажуваат. Искуство со тие лакуни? прават ли проблем? а се е океј со бебето. и д-димерите ми се во ред.
Исто и мене на гак во амбуланта кај што ми пишуваат извештај за клексаните др ми рече мали лакуни ништо страшно се друго изгледа во ред, во понеделникот на контрола мојот гиниколог гледаш се темелно не спомна ама баш ништо за нив. Се додека протоците на крв се добри и бебе напредува мислам дека нема потреба од загриженост. Во случај да било нешто посериозно сигурна сум дека матичниот доктор нема да го преќути тоа… и јас ден два бев малце уплашена ама ме смири прегледот каде што видоа дека се е како што треба
И јас имав и со првото и сега исто ми кажа дека има малку лакуни ама со неделата се формираат нормално е и пред крај веќе ќе ги има се повеќе
Девојки, ве молам за совет тие што сте со мутации, скренав. Како сте се справиле кога различни трансфузиолози ви кажуваат различна терапија? Од Јани имам извештај да примам клексани од почеток на бременост. Денес друга докторка на трансфузиологија ми вика упорно дека смета дека немам потреба и не ми дава извештај за нив. Иначе сум во рана бременост, утре 5та недела, и имам хетерозигот на МТХФР 1298 и хомозигот на Паи-1 и МТРР. Примам клексан веќе една недела. И имам една неуспешна бременост до сега.