Ацикловир ми е мене спасот за херпес само викам не знам дали смеам па да прашам тука..ќе купам во аптека и ќе препрашам и кај нив, и онака ми треба нов и за понатака...не ме чеша засега, мало е, ама нервира паста ставив до сеа да го суши па ќе видиме до каде ќе оди
Mamicki vie sto se juni-juli za poragaj vo GAK da znaete deka nema da se poragate tuka, sega dur cekam za serklaz toa info doznav. Ke renoviraat site sali
Здраво женски, сакам да ве прашам дали некоја имала вакво искуство. Во 15 недела имав обилно крварење и ми открија хематом во бременоста, па бев и во болница. Денес сум 17+6 и бев на редовна контрола, скоро 3 недели откако ме пуштија од болница, и на ехото докторката ми кажа дека веќе не гледа хематом и дека се изгледа во ред со бебето. Ми кажа и дека можам нормално да функционирам и дури да имам односи. Ме интересира дали кај некоја од вас хематомот исчезнал толку брзо после силно крварење и после тоа бременоста си продолжила нормално? Ама некако докторката не ми изгледаше многу веродостојна затоа што беше многу млада и кажа дека е на специјализација. Прво ми напомена дека контролата е повеќе за бебето да види како напредува и дали се е во ред со него, со плодовата вода и дотокот на крв, а дури кога заврши со прегледот тогаш јас ја прашав за хематомот. Ме погледна повторно и ми рече дека не гледа ништо и ме праша дали знам каде точно ми бил, а јас кажав дека не знам затоа што бев многу исплашена и не навлегував во детали кога бев примена во болница. Инаку, на моменти имам некои благи болки, ама бидејќи ми е прва бременост не знам што е нормално, а што не. Понекогаш е како лесно влечење долу или кратка непријатност што доаѓа и си оди. Немам крварење, ама кога сум подолго на нозе чувствувам болки и имам чувство како да ми тече некаков воденест исцедок. Не знам дали тоа е нормално или не. Овие скоро 3 недели постојано лежев, а сега докторката ми кажа дека можам нормално да функционирам и само ако има крварење да ѝ се јавам. Искрено, поради овие болки и чувството на исцедок ме фаќа страв и не знам дали да продолжам со пазење и мирување или да почнам нормално да функционирам. Пишете ми искуства ако некоја поминала низ слично