Јас мислам дека кога почнав на цтг да одам (38ма) ми рекоа дека не е наместено и правев вежби (незнам дали тоа ми помогна или само по себе) па по некое време си се намести иако некои ми викаа дека е големо веќе и нема место да се врти толку кај мене успеа, не дента на пораѓај ама некоја недела претходно
Кај мене беше свртена со главче надоле ама не се спушташе, па ден пред закажан царски се спушти и се породив природно, така да, до крај може да се сврте, имаш време.
Здраво, дали некој има искуство со задебелување на бубрежни каналчиња? На скрининг во 21 недела ми видоа задебелување од 10мм, се друго е во ред, докторот рече дека треба да се следи и кај повеќето само од себе се средува со тек на развој, но јас од памет се извадив…
Дали бебето е машко? Кај моето само на едното видоа 5.9мм и истото ми го кажаа дека ке се среди само, на преглед после 4 недели бебето беше доста пораснато и немаше зголемување на проширувањето па докторката ми кажа штом бебето се зголемило толку во однос на него тоа е технички смалено. Се секирав и јас на почетокот, но видов на следниот преглед дека изгледа не е навистина нешто страшно. Само ми рекоа ако недај боже нели се зголемува кога ќе се роди педијатарот само ќе му се потенцира и ќе му направат соодветен преглед. Инаку тоа било појава најчесто кај машки бебиња, така ми кажаа.
Кај мене во 32 беше со газето надоле, во 36 се имаше свртено со главчето, така да има време да се сврти.
Јас кога се породив лани во декември тој викенд им беше пола тим на ГАК некаде на обука/семинар и сите ги препраќаа во Чаир. Е тоа беше само 3 дена, а сега како планираат стварно не знам пошто гарант ќе трае барем неколку месеци.
Значи како ме фанал некој страв од предвремен пораѓај, само таму ми е паметот и само се молам да ја поминам секоја наредна недела и сум под стрес без потреба. Осеќате ли ваква паника или сум единствена . Незнам што ми е како прво дете да мие а не четврто. Денеска 33+3 сум. после 34 сум на контрола и брисеви наредна недела дури и се надевам океј ќе биде се и ќе се успокојам и смирам малку.
Мене во 31 недела ми рекоа дека има пиелон 10мм, бешиката цело време му беше полна не се празнеше. сега од како се породив следиме ситуација. Деновиве треба да идеме ехо да правиме па ќе видиме што ќе кажат.
Девојки здраво, 36+4 сум па решив да се припремам полека па сакав да прашам гледам има доста поделени мислења за мидер и појас после раѓање. Некои се за некои не па реков да видам и тука што мислите
Јас веќе си нарачав појас, чекам да ми стигне иако исто и јас слушам различни мислења за тоа, па ќе видиме дали ќе го искористам. Наводно не помагал за собирање на матката, и не било добро да се користи, ако некој има користено нека каже, да не ми се за џабе фрлени парите
Леле како се ближи времето се повеќе паника ме фаќа Со првото немав страв ,сега само тоа мислам... И си плачам секоја вечер како ќе сум без моето девојче неколку дена