Докторот што ме следеше на извештаите ми пишуваше дека е на заден и сега сама видов на извештајот од Димчев дека е на преден ама дома забележав, не го прашав него...јас не се уплашив, ми падна чудно дека е можно вакво нешто..знам дека доста трудници кажувале дека им е на преден ѕид и дека бебето послабо се чувствува отколку на заден, мислев само тоа е разликата... Не знам зошто така ти кажале ама не се стресирај, ќе слушнеш и др мислење, јас мислам дека не е за плашење работава
Да потврдам и јас за цитратот на солгар, претходно пиев на омникум и ме фаќаа сабајле грчеви во нога и чат пат благи болки во кичма, ама откога го пијам овој ништо не ме заболело .. да чукнам во дрво
Здраво, да Ве прашам сакам неколку работи тие што сте со скратен цервикс до која недела примавте утрогестан/прогестерон и дали нешто почувствувавте веднаш по прекинот и дали ви дозволија да се движите нормално од 36 недела?
Сеуште немам отидено на ехо бидејќи тестот ми излезе позитивен во понеделникот и планирав нареден четврток. Денес едвај станав за на работа - настинка. Носот чешма, очите насолзени, 500 пати се искивав, блага треска. Апче не пијам дека не требало?? Земав само витамин Ц од 1000 и и Д. Друго како да си помогнам да не бидам како прегазена со камион?
Имам пријателка шо е бремена 12 недела. На брис и излегло уреаплазма и матичната и дала само терапија за неа и да ја прима после 16 недела а за партнерот не. Демек тој сам да се проверел. Од базен или јавни вцеа фатена. Јас ко шо знам сексуално пренослива е а не од базени. Има нови протоколи за третирање или да си бара друго мислење?
Бактеријата кај некои и живее во огранизмот и после одредени време , да се активира, а најчесто при пад на имунитет. И не се пренесува од јавни тоалети. Ама терапија посекако и за партнерот треба. Зошто само ќе си ја шетаат. Нека оди на матичен и нека си побара терапија и за него. Или она ако пие да кажеме пример Панцеф, нека земе и он.
Девојки јас не оздравев сеуште. Пробувавме на природен начин 12 дена но немаше подобрување. Од вчера сум на амоксиклав. Имам гнојна ангина на крајници воспаление на синуси и на ушите многу ме болат постојано ми шуштат и не слушам убаво некој природен лек да ми кажете за болки во уши бидејќи капки не ми дозволија докторите. Главоболки имам, вртоглавица, нагон на повраќање. Искрено многу ми е страв за плодот многу е мало уште немаше срцева реакција, по цел ден плачам. За 5 дена сум на контрола, и вртев на матичната ми рече штом немам крварење и болки во стомакот нема што да се плашам. Во првата бременост немав никаков проблем цела бременост никаква настинка не ме фати.
Не се плаши, ништо не може да му биде на плодот, предобро е заштитен. Ќе ти помогне амоксиклавот. За два дена ќе си подобро.
Ем кукам да не се породам предвреме. ем едвај чекам да се породам оти неможам повеќе! е ај сега? Денеска 33+5 ако го гурам цел јуни
Јас за гнојна ангина цел живот сама си ги пукам гноевите и за брзо ми поминува. Знам дека се става некој прашак за да пукнат или со шеќер на прст да си ги пукнеш сама ако ти се од напред и се гледаат. И после тоа да ставиш прополис ќе ти изгорат ушите ама брзо ќе бидеш добро.
Не се гледаат, а пробав со шеќер ги трлав, прополис прскам по 3/4 пати на ден. Ама нема подобрување, сега ќе видам од антибиотикот. Ептен ми се затворени гаргара неможам да правам, а со голтање бемам проблем не ме ни болат.
Мене ми рече до 34та ќе примам х2 утрогестан а од 34-36 ќе ги намалиме на х1 и после 36 ќе ги прекинеме и ќе се опуштиме по малку, а скроз после 38ма недела тогаш е најбезбедно
Ќе делува антибиотикот после 2-3та доза, нема друг спас освен антибиотик за ангина, барем кај мене не помагало ништо. Некој ми имаше кажано лимон да се исече и на него шеќер, па така да го јадеш, пробај и така. И еден прашок имаше ама не знам дали се става во бременост тој, директно со прст ставаш на крајникот, нишадор се вика.