1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.319
    Допаѓања:
    2.366
    Пол:
    Женски
    Јас се мачкав со павлодерм и немам ниту една стрија, но да знаеш дека се зависи од кожата. Јас не се ни замарав толку се мачкав чат пат кога ќе ми текнеше. Мојот гинеколог ми викаше со свинска маст било најдобро, се мачкав кратко ама почна да станува топло и да смрдам па престанав. Исто ми рекоа да се бањам со маслена купка ама јас ни тоа не правев, можеш да побараш и тоа плус.
     
  2. Mh2

    Mh2 Нов член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2026
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Да, прочитав дека таа е процедурата, но загрижена сум што ако се зарази бебето? Дали после тоа се е ок?
     
  3. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    643
    Допаѓања:
    1.259
    Јас се мачкам со маслото на baby love и тоа почнав у 7 месец, немам стрии ама тоа мн зависи од телото и кожата.
     
    На mamacita que и Малечка Малинка им се допаѓа ова.
  4. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    2.635
    Пол:
    Женски
    Затоа се дава антибиотикот, за да го заштити бебето од инфекција.

    Јас прво пиев антибиотик, во 36-37 недела, а на пораѓај немаше време за венски да ми стават, многу брзо се породив. Бебето немаше ништо.
     
    На Mh2 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mh2

    Mh2 Нов член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2026
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Фала многу за одговорот
    И јас моментално сум 35 недела и пијам сумамед, се надевам ќе биде се во ред. Правеше контролни брисеви после антибиотикот?
     
  6. Babygirll3

    Babygirll3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2019
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    318
    Пол:
    Женски
    Јас мачкам обично бебешко масло или кокосово масло, и двете ги земав од ДМ, ама немаат никаква врска кремите ни маслата, до кожата е. 37 недела и 6 дена и засега немам ништо, а искрено не се ни замарам толку за стриите дали ќе се појават или не, јас се мачкам ради што имам доста сува кожа што еден период почна дури и да се перути, така да не фрлај пари на скапи креми и масла кои се само реклама :)
     
    На mamacita que му/ѝ се допаѓа ова.
  7. honey95

    honey95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    327
    Пол:
    Женски
    30та недела сум сега, со првата бременост немав никаков проблем и 41ва недела се породив, сега за оваа ќе видиме :D
     
    На Mh2 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    2.651
    Пол:
    Женски
    Бебево ме клоца буквално во левиот препон. Абе од памет се вадам. Како може толку ниско и толку силно да ме дрма?? Стомакот камен ми се прави ако поодам 15минути,згора на тоа морам да си го придржавам со раце оти не можам да одам поинаку. Постојан притисок на карличното дно...болки ниско во кичмата,кон напред...не можам чорапи да си облечам а само што почнав 30недела . Тахикардии ме маваат, си го чувствувам срцето како ми прескокнува , паника , анксиозност ,па плачка ме фаќа... хаос сум ...
    Се осеќам како прв пат да сум бремена, ништо од ова не ми е познато од претходните три бремености.
    Па и проблемов со деформитетот на матката -,,нишата,, што ми го открија пред некој ден...
    Не знам како можеше матичниот во една реченица да ги стави - ,,можна плацента акрета, предвремено породување, никако не си за во нашава болница мораш на клиника, ова на магнет може да се види најубаво, ама не е ништо хитно, еве ти прогестерон 2х1 ...,, и толку ,чао.
    Ниту упат за некаде ,ни ништо ... на моја иницијатива направи ЦТГ,па дури изненадено вика оооо има некои контракции,а со џебов на матката не смеам да имам контракции...
    па откако си дојдов дома така шокирана и ги сварив информациите што ми ги нафрла, сфатив дека насоки никакви не добив за понатамошно иследување. Па го пратив маж ми наредниот ден по приоритетен упат,и напишала ризична бременост и толку ,сценаријата што мене ми ги набројуваше никаде не ги навел матичниот.
    Трет пат сменив матичен , немам повеќе опции тука ...многу сум вознемирена и разочарана...знам дека хормоните дополнително ми отежнуваат се.
    Само сакав да си кажам ...;(
     
    На Didi*** му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.780
    Допаѓања:
    16.169
    Пол:
    Женски
    Тахихардииве и сличните симптоми ти се од ситуацијата што ја доживуваш. Преплашена си, ти се собрало од трет пат менување гинеколог. Ставаат ризична бременост, зашто само така може да издадат приоритетен упат, и мене така ми ставала, мојата матична. Иначе претходната бременост имав болки( pelvic pain) сѐ додека не се породам.. не можев да одам, а само движење помага за тоа.. па иди најди нзс како да се движиш. Треба да појдеш на ГАК или пак Систина, не знам кај сакаш, да се консултираш со некој постручен. Не значи дека ако се породиле и други со ниша предвреме, дека и ти ќе се породиш така. Исплачи се ако ти е тешко.:l:
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    2.651
    Пол:
    Женски
    Феникс , фала ти од се срце...имав чувство дека прва ќе се јавиш.
    Вака ,кога рационално размислувам ,си ги разбиструвам сите недоумици ,и после некое време пак паника ,од непознато ,од што ми си пореметија плановите за текот и како сакам да се породам.
    Фала ти што твоето присуство на форумов пружи и утеха. :l:
    патем си плачам, што да правам
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.780
    Допаѓања:
    16.169
    Пол:
    Женски
    Со првата бременост од се супер и уредно наеднаш во 34та сакаат да ме пораѓаат предвреме, немам доволно плодова вода. Ние преплашени со маж ми, од каде излезе сега ова, готово переме се ко луди дома, не знаеме кај тераме, јас плачам без престан, ме примаат на ГАК на патолошка, ми закажуваат царски следниот ден(карлично беше), не ми ставаат инекции за зреење, дека бебе 3кг тежи во 34та недела. Ме прашуваат дали сум сигурна за последна менструација:?: и ајде лежам таму, плачам цело време, маж ми дома загрижен, сите со него. И сабајле ајде да те видиме на ехо уште еднаш и да ме носат на царски, не знам дали господ го прати или ете таква среќа имав, Ќаев ме прегледува и ми вика дека ова бебе има вода и нема потреба да се вади сега. Ја не знаев дали убаво слушнав, 5 пати го препрашав, вика пишете отпис, бебето има вода доволно. Искачам од ехото плачам од среќа, му се јавувам на маж ми он во шок, очекуваше да му се јавам дека ме породиле, јас му се јавив да дојде да ме земе. Од тој ден до 38ма ме водеше Ќаев, на два три дена и ме породи со терминско бебе царски бидејќи беше карлично. 4 недели идев на 2-3 дена и искрено никогаш поуплашена не бев до секој преглед да не ми каже готово денес те примаме. Од оваа гледна точка, пак би реагирала исто, посилно е од нас, невозмоно е да не се грижиш и плашиш. Па и 100 бремености да имаш, пак нешто ќе се загрижиш во секоја. Ќе помине за брзо, после вака само лош период во бременоста ќе го памтиш.:l:
     
    На srcka12345, tambelina, Amellie и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Minkaa1988

    Minkaa1988 Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2026
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво..Вие што сте со серклаж колку дена имавте розово , кафено после интервенција мене ми се скрати цервиксот наеднаш и мораше одма серклаж..трет ден ми е сеуште имам..
     
  13. Joraa

    Joraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2021
    Пораки:
    889
    Допаѓања:
    1.109
    Пол:
    Женски
    Jas imav serklaz pred 4 dena, i jas okoli 3 dena posle serklaz imav taka kako zolto kafenikavo iscedok deneska nemam nisto. Koja nedela si i kolku ti e cerviksot?
     
  14. Minkaa1988

    Minkaa1988 Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2026
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    20 недела сум до понеделникот ми беше 3.1и наеднаш во средата 2 дури да се чудиш краток е многу,се нервирам ама тоа е тебе колку ти е цервиксот и која недела си .. Дали сега само лежиш?
     
  15. BebeRitam

    BebeRitam Нов член

    Се зачлени на:
    23 мај 2026
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    На Nala1806 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Joraa

    Joraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2021
    Пораки:
    889
    Допаѓања:
    1.109
    Пол:
    Женски
    Jas sum uste poloso, minatat sreda mi bese 28 i pocke vo ponedenilot 10 cm a sum duri 15 nedela
     
  17. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.266
    Допаѓања:
    8.471
    Здраво
    Јас сум 26та недела дали некој ја има користено перницата за трудници од Стружанка како потковица големата??? Осеќам огромни болки позади грбот многу ме боли...
     
  18. Dohrnii

    Dohrnii Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2026
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Трет пат пишувам на форумот иако веќе 3-4 месеци си читам се и свашта, па ајде да поставам едно прашање што ме мачи а е банално. Доколку не е за тука ќе го избришам.
    Јас сум моментално 20 недела, и доста читав дека некаде од 7ми месец натаму повеќето сте почнале со купување на облека, колички и се што треба. Е сега, дали сметате дека е прерано од 20та недела да се купи се и да биде спремно? Оти иде летото жешкава невидена, и јас онака не трпам жешко а и не треба да се оптеретувам па се мислам дали е премногу рано сега додека имам енергија и времето е убаво са изнакупам се и да не треба во Август да се варам по продавници, а живеам во ВРЕЛ град :)
    Не сум суеверна уопште па сакав и ваше мислење да слушнам
    Поздрав
     
  19. Minkaa1988

    Minkaa1988 Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2026
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Маки наши..Дома си или на болница лежиш?Само храбра биди мора да се надеваме дека ке ги износите до некоја соодветна недела..Се надевам дека ќе ни држат серклажите
     
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.812
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Женски
    После прв скрининг значи 12 недела +/-, почнав да со купувам по некое парче облека. Некаде околу 5-6 месец веќе и количка, креветче...
     
    На Dohrnii му/ѝ се допаѓа ова.