Кај мене се се одвиваше во ред, но докторот ми препорача од предострожност да паузирам со поинтензивни тренинзи и да се префрлам на јога или секојдневно пешачење.
Мојата докторка ми препорача да не вежбам, да пешачам и истегнување/јога. А ако сакам да продолжам со вежбање - да не правам стомачни и да не кревам тегови барем во првото тромесечие. Исто така школска бременост, без ризици.
Јас мед со семе од коприва и лимон, 1 лажица на гладно на сабајле и во првата бременост ми помогна ептен, не пиев таблети никакви
Девојки дали уште во првите месеци од бременост сте пиеле магнезиум. Јас со првата не после 30та недела докторката ми рече да земам. А денеска на контрола 6н +6 ми рече земи и магнезиум цитрат по едно дневно, ја прашав зошто ми рече пожелно е. Ги земав секако штом ми рече ќе ги пијам.
Од позитивен тест, до неколку саати пред пораѓај, пиев магнезиум. И олеснува на матката. Нема штета од пиење. Земи неколку магнезиум цитрат, да видиш како ќе ти реагира организмот на нив. Знаат да направат дијареа кај некого, па ќе земеш друг тип магнезиум ако треба.
Јас пиев имав многу мака грч на нозете, стомакот ме болеше исто уште од почетокот и пиев магнезиум по 400мг некогаш со консултации со гинекологот ако имав ептен мака и 800 земав.. дупла доза
Да да ме потсети ми ствараа дијареа во првата бременост тие во вид на прашок што беа, ама не се сеќавам потоа кои ги пиев. Сега зедов од овие како капсули што се но големо пакување.
Јас денеска бев на прв преглед во 4та недела и многу е рано. Едвај мала точка видовме. Во 5та недела ме чека пак. Читам уште сега користите креми за стрии, па да ми препорачате некоја крема. Ми препиша Duphaston. Дали некој ги има зимано? И дали магнезиум од 400 е добар да се пие?! И дали секој ден го пиевте или само по потреба? Моментално грчеви имам и ми рече парацетамол од 500 во комбо со магнезиум.
Јас пиев само магнезиум и сеуште пијам скоро 38ма недела, працетамол не знам зошто ви рекле... кај мене тек се виде некаде околу 6та недела ќеса, ми направија преку крв Бета ми испитаа над 1500 се гледа на ехо
Парацетамол по потреба ако имам грчеви, пошто пред 2 дена ептен ме болеше стомакот, испаничив од старт и денеска на контрола.
Јас го користам путерот на Алверде што е против стрии, се вика Mama Korperbutter, убаво хидрира Исто така имам читано дека и бадемово масло е убаво да се мачка
Некоја трудница со искуство со повраќање во второ тромесечие? Почна пред 2 недели, пред тоа до сега немав мака, имав гадење првото тромесечие ама не и повраќање...Почнува со облив на некое чувство на екстремен глад, почнувам да кашлам и почнувам да повраќам...првиот пат ми се случи по пиење на пренатаните витамини и мислев од омегата ми е, ама сега две недели паузирам и пак повраќам..некој совет? крвна слика правев вчера океј ми е крвта, малку сум анемична ама ништо страшно, ама овие две недели ми е прелошо, можно е повраќање да почне во 19та недела?
Мене лом ме направи цитратот. Дехидрирав. Додека тука не отворив да видам дека кај некок прави така, 10 дена се исцедив.
Јас почнав со маслото од ДМ за трудници. После мачкав павловичева со д3. И многу многу вода. Една стриа немам, а 25 кила бев поправена. Иначе парацетамол пиев само поради болка во глава. Магнезиум пиев цело време. Кога имав болка ниско во стомак, ми даде плус едни други. Ама ич сега не ми текнува кои беа.
Искрено не знам. Јас сум 10та недела и сум со хипермеза… на врвот и закачив некој вирус од малава, се откорнав од сува кашлица. Ај што повраќам константно, па уште и кашлањево до повраќање ме носи. Иначе, мене со првата бременост ми се дешаваше вака од премногу топло. Дали имаш киселини, многу често од киселини повраќаат во покасните триместри.