За масла за стрии не мора да даваш пари од сега ако немаш потреба, таму од втор триместар кога ќе рипне мешето, ама ако ти е мерак или па си склона кон стрии почни си со од дм на бејби лав и путер на алверде, па од втор триместар можеш да комбинираш со некое од поскапите (weleda, mustela итн)
Лелее значи ептен ми е мило што си со второ бремена. Вон темава е скроз. Ама како те читам , ми доаѓа така да се изкажам. Ќе бидеш добро.
Имам да ти кажам, ама во моментот пред повраќање немам, едноставно само ми се лоши наеднаш, почнувам да кашлам и повраќам...незнам искрено, чудно ми е дека во 19, 20 недела ми почна, а не во раните недели...мислев преоптеретен ми е желудников од пренатални, магнезиуми и други витамини, па овие две недели малку паузирав, ама еве нема разлика...ќе пробам со диета, полесна храна па ќе видам...како за беља треба да пијам и нешто за железо, од нив знам дека уште повеќе ќе имам мака, па не знам што да превземам
Јас вежбав речиси цела бременост. Трчав до втор триместар, качував планини до 8 месец а во теретана одев до два дена пред пораѓај. Во теретана вежбите прилагодени секако со помала килажа и повеќе на јога мат со тегчиња отколку на справи а исто и темпото прилагодено за останатите две активности. Никаков проблем немав во бременост, а и после тоа одма се вратив на старата килажа и форма. Секако претходно добив дозвола од матичниот гинеколог. Според мене ако немаш некакви индикации или ризици да си продолжиш со вежбање.
Мајки од кога почна да ви се познава стомак? Јас само што влегов во 4рти месец и наеднаш ми се појави труднички стомак некако рано?
Мене ми е прва бременост, и некако после 13та, 14та почнав јас сама да си приметувам ама беше многу малце хаха инаку реално тек сега негде 6ти накај 7ми почнува да расте малце повеќе од ден на ден
10та недела, втора бременост, ко 6ти месец сум. Па не баш, зависно од генетика, конструкција, мене веќе во 12та со првото ми се познаваше.
Мене многу рано двете бремености, околу 10-11 недела сите ме знаеја дека сум трудна и да не кажам. Ама после не ми беше голем стомакот, до крај дури и помал од останатите.
Мене ми е втора бременост. Баш се познава заоблена сум, се изненадив и у задник над задник некако се поправив. Тоа е ќе си носиме фустамчиња
Јас мислев цел мај ќе носам фустанчиња купив еден куп и ни едно не облеков времето катастрофа цел мај ќе ми останат за после пораѓај сите ако не се големки
Дали почнавте да се спремате со производи за нега после породување? Сакам да си нарачам/ купам мрежести гаќи и влошки, разгледувам по нет има од Lansioh, Chicco, canbebe. Доколку некоја има искуство да сподели
И мене ми е втора, исто 4ти месец почна да ми се познава...со првата после 5ти скоро 6ти, со втора бременост мн порано почнува...и минатата и оваа бременост сум летна трудница, за мерак шетања со фустанчиња
Кажувај од каде купи, за трудници нема баш избор или посебна гардероба мислам на дуќани. Деновиве нешто видов лабави само пуштени под гради во котон ама многу бе над 3000 некако за обичен не вреди
Слично и мене ист период ми се бременостите, ама првиот пат не бев вака проширена. Баш гледам што сум носела до 6ти месец ептен малку се поправив и не купував посебна облека, сега ќе морам да купам бар неколку лесни работи да мењам на работа
Lele znaci jas so 3 dobro e sto na 15 nedeli sum kako vo 9ti mesec koga bev so prvo. Tocno tolku zimi se duri sram mi e ko ke me prasuvaat koj mesec si