И јас изнакупив за мај а тек завчера прв пат облеков, башка и поголем број земав иначе бидејки ми се малце поголеми од обично што носам од тему нарачав 2 за проба, не ми се даваа многу пари, не е евтина трудничката колекција а не се износува ептен, освен ојшо што вредат за парите, до завчера не ги соблеков нивните пантолони. Овие два од тему се проверени и матетијалот е лесен
И јас нарачав од тему два прв пат на среќа, па супер стигнаа искрено, се зачудив бидејќи пратката пред фустаните беше утка целата па реков кој знае какви ќе дојдат ама сосем океј се и цената супер им беше некои 600 ден
Искрено не зедов баш стрикно труднички, гледав да е широк модел и поголем број секако, обично си носев М сега земав Л/ХЛ зависно фустанот, инаку земав два од Тему, сосем солидни стигнаа, два земав од Waikiki, еден од Sinsay(многу модели имаше последно види си таму) и еден земав од бутик Ivery мислам дека беше, има дуќан во Ск, Битола и Прилеп мислам, јас онлајн си нарачав
тиее ти се скапи нема потреба да лупаш толку пари за нешто што ќе го користтиш и фрлиш. влошки со мрежа имаш по аптеките за 70 ден 10 внатре исто мрежести гаќи на тосама тото околу 280 ден се . мене гаќите ми беа едно пакување доволни може да се перат.
Мене овие ми ги препорачаа, зедов вакви, дали некоја ги пробала? И колку паковања би ми биле потребни за во болница?
Мамс која апликација ја користите за да си ставате слики од секоја недела со мешковци? Јас користев една, ја апдејтирале и не ми дава веќе слики да ставам, давајте предлози за друга интересна
и овие се скапечки ги гледав и јас. ко две во едно идат како гаќи со улошка. е сега нз може се повпиливи пколу 300 ден се 10 внатре. за болница јас од мрежестите влошки носев по 5-6 пакетчиња исто внатре се 10 улошки. и му нарачував на сопругот да ми донесе уште неколку оти се трошат бргу. затоа поисплатливи се тие од 60/70 ден .ама нели кој како си сака и колку може да си дозволи. јас вакви земав. а овие она нз како ќе се покажат околу смешни 30/40 ден беа едно пакување земав . вака меки изгледаат. имаат и лепенка тенка.
Да да, во секој случај се поисплатливи, само не знам секако тие со второ, трето детенце повеќе се упатени веќе поминале, колку се крвари, колку долго, дали бркаат работа мрежестите влошки бидејќи се помали, да не претекува, ние со прво што ќе ни предложат тоа земаме Мене овие ми ги предложија за во болница баш, а дома секако ќе се снајдеме
Здраво девојки, пред 3дена ми земаа брисеви,што се во 12та недела. При земањето докторката рече дека има секрет, и ми даде Полигинекс вагиналети. Денес на резултатите излезе негативно, но таа ми рече да продолжам. Ваше мислење?
Исто и мене ми имаше препишано затоа што на уринокултурата имаше нешто остатоци од кандида ама јас пошо немав симптоми ги користев пола пакетче и прекинав, еве 3 месеци после тоа никаков проблем нема. Тие не се штетни, повеќе превентивно гледам дека ги даваат. Ако ти е шубе не ги користи, секако е најбитно што брисевите се чисти
Јас користев бони светло плавите погоре се постирани. И да, може 3 пакетчиња потрошив за 2 дена што бев во болница а дома незнам колку не рачунав. На почетокот за спиење по 2 ставав и пак знаеше да ми пропушти да се направам лом. Незнам какви се тие гаќички со влошка јас тото мама ги користев и баш ми беа пријатни и искрено незнаев дека може да се перат па сигурно 4-5 пакетчиња искористив сега го прочитав мислењето погоре па најверојатно овој пораѓај ќе заштедам на нив
Овие се големи, баш како тие постпартум влошки огромните само што се облекуваат да не мора да носиш други гаќички, за една употреба, соблакаш фрлаш, 10 има внатре, околу 300 ден се, не знам колку се исплаќа, а убаво е што и се доста високи па пример после царски воопшто не фаќаат на раната, јас одма ги отворив да ги простудирам какви се хаха За дома и да претече ќе смениш и постелнина и ќе се средиш и се ама по државните болници знаеме како е треба да молиш за еден чаршав да сменат Додуша затоа и подлоги си земав јас
Плус на визита бараат и тие да бидат соблечени ако си природно, за царски ваљда не. Така да додека дојде до тебе мора да имаш некаква влошка без гаќи
јас после пораѓај сум ставала и по две улошки на едно носење. се крвари да и чаршав сум валкала што е нормално ама одма ми мењавале не оравеле проблем ни за чаршав ни спаваќа за велешка болница зборувам исто и чаир еднаш се имам породено мењаваа стално. и обавезно мрежести гаќи се луфтира местото се лади и ја држи влошката на место . па не се прави се лом толку. мора по меки улошки поудобно е овие класичните за менструација може дури понатака за недела две после пораѓај. пошто ако има шиење доле епизиотомија или распукано ќе боли на раната од класичните улошки. некако по груби ми се тие не се за после пораѓај за менструација да. од овие дише раната . а самото место и да нема рана првото време е осетливо сепак бебе испаднало од таму потечено и сл. Со лесно на сите да ни биде .
Јас царски ќе бидам, така мора, ама сепак затоа прашуваме поискусните да кажете што е подобро и попрактично, сепак може и болницата игра улога тука, различни правила не знам, собираме искуства, после здравје и ние нашите ќе ги кажуваме
Во тој случај изгледа не се најдобра опција влошки што се воедно и гаќи. Пак мора и обични влошки за родилки да се носат барем тој период на визита..
сакам да ги избегнам ваквите, бидејќи знаеше да ми се залепи мрежата на раната и Господ го гледав во тие моменти,затоа прашувам искуство со други производи или брендови. Повеќе за влошките ми е, гаќите ај можда и не се толку потребни.