И за царски не треба да имаш гаќи, само улошка. Ти ја гледаат раната. Јас дури дома кога дојдов почнав да ставам мрежа гаќи и на излез од болница. Во болница за идење во тоалет ти е полесно само да ја извадиш улошката, да ја фрлиш и да ставиш нова. Верувај ми дека стоечки ќе вршиш нужда. Мене барем толку ме болеше што немаше шанси да седнам па да станам.
Ауу да и мене ми се има има случено да се залепат конците од улошката ама не се сеќавам дали сум имала рана . Само со првото имав епизиотомија. со второто малку бев испукана а со третото ништо немав. Овие она немаат мрежа конци. може ќе се покажат убави здравје боже. @hannybanny јас сегде на јавни вециња стоечки одам во тоалет од пусти страв од бактерии А инаку позгодно мене ми било со гаќи со мрежа и за спиење и за одење седење ја држи влошката на место.
Убаво ме потсети ојшо баш ќе одам деновиве. А тему велиш ок се фустаниве за краток период да се износат и да не жалам да арчам пари, здравје боже после валда ќе си се вратам во нормала
Само ако нарачуваш од Тему прочитај и по коментарите за големината, провери си добро, обично е и калапот поголем, јас едниот М сум го земала баш прееска приметив ама голем е калапот, таман ми е за сега пред пораѓај, после за украс ќе стои
Скроз се океј обичните мрежасти влошки. Јас во болница по две ставав првите денови, таму имаше Бони, а јас имав купено за дома од Белина демек поголеми и едно што беа многу поскапи друго беа многу поцврсти па раната уште повеќе ме болеше од нив.
Епа девојки ви благодарам на сите, си земав јас и обични мрежасти влошки 3 паковања па другите ако не може таму, дома ќе се потрошат Инаку колку време се лежи на болница со царски? 4-5 дена? или повеќе? И за лична хигиена што друго носите во болница освен четка и паста секако, и течен сапун толку имам засега наместено?
Мрежестите гаќи не се и влошки. Бараат на гак гола да си, ама ти кажуваат болничарките кога има визита да се соблечеш. Јас барем не можев без гаќи, мораше нешто да ми ја држи влошката, инаку ми паѓаше. Раната е залепена со фластер на почетокот, после мрежестите над раната си ги кревав и немав проблеми. Ги носев 2 недели сигурно и дома, ако не и повеќе. За после си купив височки гаќи обични за да не ми мава ластикот баш на раната.
Јас се породив во среда во недела ме пуштија. Носи си подлоги за пресоблекување да не лежиш на крв. На ГАК креветите се ужас грб ме болеше може и после 2 месеци откако излегов. Земи си тоалет хартија, влажни марамици, пешкир за раце/лице и еден за тело. И чешел. Толку носев од лична хигиена. Папучи пластични ќе ти требаат. И се друго може да ти донесат качуваат на секои 3 саати.
Јас во 6+2 на првото ехо видовме и срцева акција Целиот тој период јас осеќав грчеви во стомакот како пред циклус, мислам дека и повеќето исто не се плаши, можеш да си пиеш магнезиум уште од сега. Со лесно ❤️
Здраво, бремена сум 8недела , вчера при бришење забележав крв бледо розевкаста. Потоа наредните неколку пати немаше ништо се до утрово кога имаше кафеавкаст исцедок. На преглед бев во 6 недела и 4 дена каде се слушна и срцева акција на плодот. Докторката тогаш ми препиша Утрогестан во случај ако се појави нешто да почнам да ги земам. Дали некоја имала ваков случај , дали да почнам со нив или да се јавам најпрво во дежурна клиника на преглед ?
Јас паничар како што сум, би тркнала на дежурен. Инаку исто 6та недела имав неколку точки кафено и одма ми дадоа утрогестан. До 13та недела без прекин ставав.
Најдобро е да отидеш на преглед. Овие работи не се за занемарување. Иако, најчесто е се во ред, појди за мирна глава.