4+5 izmeri nesto no ne e sigurna sto e doktorkata , dali na nekoja se slucilo ova mn sum vo paniki imam predhodna vonmatericna rece neznam nisto nemozam da kazam
Здраво,сакам да прашам на личната карта јас сум со новото презиме но на книшката сум со моминско и фондот за здравство сум со моминско немам отидено да го променам, дали ќе имам некои проблем при пораѓај во државна болница?или со пријава на новороденчето во општина и за еднократна помош што ја дава државата?дали може нешто да ми прават проблем и дали некој има вакво искуство бидеќи веќе сум 9ти месец сега се сетив дури на ова…
Нема да имаш проблем за пораѓај, туку ако требаше патолошка да зимаш може да ти направеа таму проблем. Со првото коа се породив и јас бев така никој ништо не ми рече дури сега морав да сменам во фонд дека сум на патолошка со второ и ќе ме вратеа за малку заради тоа
Девојки како сте биле со боледување првите 2-3 месеци? Јас имам хашимото и астма и многу ниско железо, како прегазена сум не можам да функционирам и не знам дали да земам некој ден боледување или понатаму повеќе ќе ми треба?
Да, Пакет хемостаза околу 2000 е сосе времињата барем лани ова време така беше. А шеќер секако е на приватно, околу 700 мислам може и малце повеќе. А ддимери само на клиника има во тој хаосот..
Фала на одговор девојки. Направив сега есап - д-димери, хомеостаза и скриен шеќер околу 4.500 ќе ме чини во Авицена.
Да, и мене ми се виде многу. Тестот за скриен шеќер во Авицена е 1.100 денари, а во Синлаб 580 денари. Д-димери во Авицена 1.150, во Синлаб 1.350... Ќе се јавам дали имаат пакети за испитување д-димери и хомеостаза заедно, па ќе видам каде ми е најисплатливо да испитам.
Нема да имаш проблем. И јас сум со моминско се уште. Промена на презиме во фзо е научна фантастика. Отидов бремена и ми рекоа ене онде чекај, редот 100 души на никој не му беше гајле дека сум со толкав стомак и си отидов. Се породив на родилното картонче сум со моминско презиме. На нејзиниот извод сум со презимето од сопругот а за парите од социјално и општина бараат извод од детето.
Цениве значи растат со брзина на светлината, со првото дете скриен шеќер беше 450. Инаку, во синлаб може скриен шеќер со упат од матичен општ да направиш, за некои 30 денари (со 2 боцкања), а за третото само да доплатиш 150 беше барем лани и така помалку да ти дојде. А за ддимери за жал не може упат освен за клиника или во градска болница оделе читав. Ај шеќер е еднаш, ама ддимери сега почесто се проверувале после ковидот и да немаш проблем, не се малце пари..