Мене ми рекоа сега ќе ти продолжиме ама нареден пат немало и да одам одма да си го сменам зашто на извештајот од клиника бев со едно презиме а кај матична со друго
Можно е да ги заостриле мерките па да гледаат секакви детали сега, секако се збори и на телевизија дека многу патолошки се злоупотребуваат па затоа ништо чудно
39+6 утре, а бебево абер нема. Во неделата бев на цтг мирно беше, ама дека не беше мојот доктор не ме виде дежурниов на ехо, рече нема потреба чим е мирно цтг. Следно сум во среда на денот на терминот. Ме интересира дали на секое цтг ве гледале и на ехо, да знам да инсистирам во среда, пошо пак нема да биде мојов доктор.
Па мене да, ама стално одам кај докторката што ќе ме пораѓа, таа ми кажува кога да одам и стално ме гледа и на ехо
Се погоди мојов отсутен баш овие 3,4 дена, ама пак морам да идам на контрола и се изнервирав вчера. Како и да е у среда ќе инсистирам на ехо сепак, ако издржи до тогаш бебево
Слободно кажи му нека те види, 5 минути работа, сигурно нема да ти направи проблем. Ќе издржи уште утре
Па да, ама еве овој не ме виде и се изнервирав а у среда пак сум кај него, ќе му кажам да ме види ако не он ќе барам кај друг доктор, мојов се враќа среда попладне.
Кажете ми, освен ЦТГ 36та недела само на ехо ли гледаат? Кога почнуваат со мерење на грлото дали си отворена?
Јас сум во плодност 38+5 само ехо ми прават и отворена дали сум цтг не, во недела ме викнаа повторно ваљда тогаш сите различно..
Па цтг покасно почнаа и мене од 38 недела, баш викаа дека не се правело цтг без индикации дури ни пред термин, ама ете прават од 38, а ехо обавезно и протоци.
Мене чудно ми беше некои од 36та ми велеа почнале да прават некои 37ма ... ама важно да е се ок па другото секој доктор различен пристап има