Знам како ти е, јас два пати 41+ се породив, и тоа со 300 провокации, си дремеа во меше, јас се нервирав . Ајде блиску сте до гушкање секако.
Колку плативте за приска и колку ви е ехо кај матичен гинеколог? Другарка платила 2000 за приска и 600 за ехо, а матична и е не ми е јасно..
Јас точно 36 бев кога почнаа да ми прават, и на секоја контрола правиме цтг и ехо, само еднаш ме проверија дали сум отворена
Мене само еднаш ми зема матичната ехо 500 ден, а приската на гак е бесплатна, не знам тие дали може да ги прават и матичните..
Приска не правев на матичен, ГАК е бесплатно. А ехо редовно 500 плаќав кај матичниот, не треба да зимаат ама ај..
3teo dete mi e i sekoja vtora nedela sum na pregled kaj maticniot i osven 60 denari za majcina kniska nemam plateno ni eden denar nikogas. Pram dedmieri krvna slika sekoj mesec, brisevi pap test nisto nemam plateno nikogas. Bas i edna zena ko lezevme vo pataloska mi kaza deka na sekoj pregled platila po 500 den sto e totalno ne zakonski
Јас платив 550 за ехо, 1600 за пап, ддимери 900 мислам и обична крвна слика 350. Приска немам правено рано ми е ама и таа ќе е секако 2-3000.
Во мојов град пред скоро 4 години - секој преглед ми беше по 500 денари. Крвна слика, мокрача, уринокултура, брисеви во завод бесплатно. Д-димери - 600-700 денари ама во приватна лабораторија. Може на болница ќе биле бесплатни. Приска опција за државно немаше освен да доаѓам Скопје на Гак. Во приватна лабораторија околу 4000 денари.
Ддимери во Ск нема со упат освен на клиника, а крвна слика мокрача тука е бесплатно и во приватните лаборатории. А матичниве од нивните 500 денарчиња и од трудници не се откажуваат.
Во мојот град нема матичен доктор во градска болница, има една што пораѓа ама не е матична. Така да матичниот е во приватна ординација. Ти веројатно имаш матичен во градска или државна клиника па затоа не наплаќа. Како оде процедурата за крвна слика да е бесплатно?
На сите трудници, не им се наплаќа ниту едно испитување во бременост, освен ако самата трудница не си ги прави на приватно некаде. Со упат од матичен гинеколог. И во Ск, матичен гинеколог од државна нема.
Сите гинеколози, освен државна болница или приватна како Систина, Ремедика, се водат со ПЗУ ( приватна здраствена установа). И во секој град е ист називот…
На упатот е важно да се наведе дијагноза бременост, не можам да се сетам која беше ама е надзор на нормална бременост или надзор на високоризична бременост. Јас од општ лекар земав упати за крв и ми наведуваа дијагноза рутинска проверка или не знам како беше нагласена, ако е така тогаш плаќаш без разлика дали си бремена. Фактички само ако се наведе дијагноза бременост тогаш не наплаќаат. Матичен гинеколог не смее да зема за преглед ако жената е бремена без разлика дали е пзу бидејќи и некој од нив имаат договор со фондот, во приватните клиники секако плаќаме јас во плодност приската ја платив 11 300ден.