До 6ти месец повраќав се што ќе јадев, единствено што ми помогна на што и се согласи гинекологот беше кокакола пиев да речеме една чаша баш кога ми беше најтешко и бев подобра. Не е препорачливо кока кола и онака е штетна ама јас се крстам во неа и мислам дека се што е во граници не е штетно. Ќе помине мене ми се смири 6ти месец.
Здраво мајки. Има ли некоја мајка што во 7 месец се свртилоо бебето. Трета бременост бебе лошо поставено 28недела претходно две природни пораѓања.
Кај мене пред една недела во 25+5 беше карлично, денес 26+6 со главчето надоле е веќе. Е сега мене ми е прва бременост, така да не знам многу по ова прашање, ама матичната рече дека најчесто до кај 30та се вртеле..
Со упат се оди на трансфузиологија да те боцнат, само не се сеќавам дали истиот ден или после еден ден се подигаше документот од кај нив а може и матичната преку мој термин.
Две деца родив од почеток до 20 недела со прогестерон,здрави прави деца родив.Глупости само стресови да прават докториве.
жени утре сум на свадба кај блиски пријатели. 36+1 ќе бидам. ама многу ми е мачно некако бебето ми е ниско доле и неможам ни да одам ни да седам а и почнав да потекувам неможам да се гледам . рацете ми трнат цело време едвај функционирам значи едвај чекам да се породам . оваа бременост крајов некако најмачен ми е . со другите и по свадби сум идела сум немаала мака. што ќе ме советувате дали да одам или не?
Ова мислам ти најдобро си знаеш дали можеш или не можеш да одиш. Зависи колку блиски се пријателите и дали можеш да седиш барем некој саат до вечерата, секако не мора да играш. Ама пак ако не се осеќаш дека не можеш и не мора, ќе разберат сигурно, па и на топлово плус...
Јас бев 37ма недела на свадба повеќе си седев вие си знајте најубо дали можите или не.. јас издржав скоро цела свадба
Слушајте си го вашето тело. Мислам дека и да не отидеш никој не треба да ви замери, сите што сме биле бремени знаеме како е. Инаку јас во 40+6 бев на свадба и тоа во последен момент решив да одам, а бев доста голема, цела вечер играв и тоа во потпетици. Но јас се чувствував добро и сигурно, од страна можам да замислам како ме гледале и коментирале бидејќи забележивував како ме гледаат и шепкаат. Утредента бев на контрола ме оставија во болница и другиот ден се породив Затоа ти велам како се чуствуваш ти.
Ве молам за брз одговор,бебињата на ГАК на кој оддел се сместени и дали имате некако контакт број каде што се новороденчињата.
Јас кума не отидов на крштевка, влезена во 9ти, во друг град требаше, па по патишта, а многу тешко ми беше, гледај тебе да ти е убаво
Девојки ви благодарам на сите за помошта изминатиов период, јас се породив, добро поминавме со бебе, сега се гушкаме дома❤️
Има некоја искуство со иритирана матка, т.е. контракции без никакви други симптоми? Цервикс, постелка, бебе, сѐ нормално. Ми дадоа терапија, но сѐуште осеќам контракции. Др е позитивна дека нема никаков проблем и со соодветна терапија ќе се смири и ќе истуркаме уште 5-6 недели, но јас сум загрижена.