Здраво девојки. Вака, 15 недела бремена,неделата попладне многу малку ми отече вена на стапалото и беше пропратено со болки при движење. Во понеделникот,бидејќи сум од мал град, немаше испитување за доплер на вени,па ми препорачаа д-димери да проверам, дека и тие ќе покажат. Резултатот беше во нормални вредности. Болката ја снема,и денеска пак се појави. Дали има простор за паника,т.е дали да закажувам за доплер во друг град,или со д-димерите колку толку би се знаело?
Доплер на државно многу ретко има, јас само на приватно одам околу 1000/1500 ден сум плаќала за долни или горни екстремитети. А за 1000 да одам до друг град каде има на државно преку фонд поскапо ќе ме фати...
Здраво женски. 8+6 сум, денес имав кафен исцедок и одма бев со Систина. Бебе е ок, првото ехо беше точно на ден со големина, сега е 8+3, значи 3 дена поназад. Има мало хематомче и ми дадоа утрогестан и пролутекс секој ден. Поминал ли некој слично со добар завршеток? Колку време може да трае ваков исцедок обично? Дали е проблем што е малку поназад? Ќе полудам, трауми имам од предходниот мисед, исто вака почна со сукрвица но црвена. Исто, дајте ми препорака за каков магнезиум примате. Ми рече само земи таблети а не ми кажа кој вид.
Здраво јас сун 6+2 вчера имав голем стрес се карав со маж ми многу дури викав се тресев , сега се плашам да не добијам спонтан , ме боли денес половината хелпппп
Имав јас мал хематом во првата бременост, лежев одмарав колку можам, не сум човек што мирува ама кога мора, мора примав терапија и се повлече. Истата терапија ми беше, така да и тебе би ти рекла, одмарај, терапија и ќе се среди. Магнезиум на Health aid користам, пре задоволна сум.
Дали некој порачувал бебешка облека онлајн, кои страни би ми ги препорачале? Ми излегуваат некои страни, ама не знам колку им е квалитетна бебешката облека, како стојат со испорака.... Ако прашањево не е за оваа тема, модераторите може слободно да го преместат.
16+2 дена сум и ужасно уморно истоштено како прегазена се осеќам секој ден. Се движам ама брзо се уморувам, имам како киселини не поминуваат не е како претходно ама не поминуваат дали вака ќе ми биде до крај?
Цк, не, иако и јас ги имам иако повремено, сега сум 28 недела. Обично ако претерам со благо, тогаш ми се појавуваат.
Дали некој може да препорача што облека треба да се облече на бебе при излегување од болница, најверојатно во месец јули и екстра горештина? Дали боди со кратки и пантолони, целосни шпихозни по долги, само боди со кратки....????
И моето ќе е јули, планирам боди по кратки, тенки чорапчиња и при рака за во кола тенко капче и тетра пелена ради климата
Ајде повторно да побарам помош. 36та недела при последниот преглед на ехо се запримети срцето аритмички нестабилно работат ме пуштија на амбуланта (не сум од Скопје) таму истото го потврдија ми стадоја инекција за смирување на срцето вечерта повторно ми праеја ехо испадна нормално све да работат. Сабајлево при повторна контрола истото се дешават нестабилно работат повторно ми стадоја инекција и попосле требит да одам пак за преглед.Кажете ми некој специјалист за срце да закажам преглед дека мислам за брзо ке се скренам ве молам.
Здраво девојки. Денес ,при малку напор што направив да кренам нешто,осетив јака болка во стомакот.Право легнав, тоа беше болка околу 2мин. Сега не ми е ништо. 15+2 сум. Дали да паничам или не ?
Во PZU Cardio Struga Dr.Dejan Risteski последно бевме на преглед кај неа пред неколку месеци. А работи и фетално ехо со др. Захарија Парталоска