Ако немаш веќе болка и нема крв би требало да си океј. Одмарај повеќе и избегнувај да креваш било што ( ни кеси од пазарење )
Женски креветчето бебешко ептен ми прави гужва во собата на ќерка ми намалено за продажба на 3.400ден Пишете ми порака на кој му треба да се договориме: Скроз ново кослипинг креветче кидило со соодветно душече пастел розе со приспивна музика и неколку фази на нишкање со далинско. Подесување на висина. Димензија 85x55 Предната мрежа се спушта за лесно внесување на бебето и практично приближување до кревет. Со тркалца за движење низ дома. Цена - 4.000ден
37+1 денеска знаци никакви за пораѓај на бебица му е убаво . А мислев ќе бидне порано оваа бременост ама ништо ќе тера најверојатно после 39 како и другиве што ми се родени девојките 39+4 и бате 39+1 а јас веќе преуморна сум со малата стално во раце стани седни трчај по нејзе Ајде како викаат многу било малку останало
Јас се породив 41+2, на крај мораше царски. Бебево ме изнамачи ама битно добри сме, здрави живи. Некоја мама со типс енд трикс за побрзо заздравување и враќање у нормала со ранава?
Фала ти, го земав тој магнезиум. Исто и јас, од кревет немам мрднато веќе 3 дена, прекина веќе ништо нема, да не подречам. А ко за белја па од вчера како влегов во 9та недела, некако и симптомиве ми ги снемува, не осеќам толку гадење, немам потреба да станувам сабајле во ниедно време за вц, само имам повремено некои кратки боцкања, пулсирања во јајници, ваљда тоа е нормално. Којзнае, нема крај на гриживе очигледно кога ќе почне оваа работа
До која недела обично се примаат утрогестан? По х2 дневно ставам, ама не се сеќавам од која недела ми рече да ги намалам на х1 додека ги истрошам па да ги исклучам скроз
Јас до 32 недела ги земав 2хдневно од 200 мг, а потоа ми го укина сабајлечкиот, ми го остави само тој пред спиење. Ама ја прашав кога бев на преглед во 32 недела. Баш ме интересира и другите какво искуство имаат. Тогаш ми го укина и Мидолот. Ама затоа сите други суплементи што ги пијам ми ги остави (омега 3, магнезиум, Д3, токорелакс и др.).
Здраво, сакам да прашам дали имате искуства со нарачување релаксатори онлајн, јас ги гледав од Kayla's baby. Што мислите?
Трудници во летна сезона 2026, како се осеќате на тема летен одмор и капење во езеро/море? Јас имам прилика да бирам помеѓу Грција или Охрид и не знам што е попаметно од повеќе аспекти - финансии, температура и на вода а и генерално на плажа, дали бањање во езеро или море итн итн итн...
Здраво мамички Имам едно прашање. Терминот за породување ви го одредуваа според последната менструација или според мерењата на бебето на ехо? Кај мене бебчето постојано се мери околу 2 недели понапред, па ме интересира дали тоа значи дека и порано би можело да го очекувам синко мој
Здраво феминкииии, еве една фина вест, на Систина објавиле за промотивен попуст за породување и им важи од денес до 15 септември.Видете ја понудава сите што што размислувате каде ќе се пораѓате. https://acibademsistina.mk/mk/novosti/index/1120 Имајте убав ден
И кај мене слична ситуација, го мерат поголемо од старт, ама датумот за пораѓање останува истиот според последна менструација. Мислам дека не го поместуваат датумот затоа што самиот пораѓај зависи од многу работи, а и многу мал дел од жените се породуваат на терминот кој им е според менструација. Така што до таму последните недели кога ќе се прават ЦТГ-а, ќе се гледа колку плодова вода има, дали плацентата е добра, итн обично се поместува/одредува датумот на пораѓање. Со лесно!
Ќе те следат водата може да ти се врати во нормала па дури и да се намали големото количество може да предизвика контракции така да следи ги по внимателно дали се чести и со болка
И со првото и сега со второво исто понапред е недела дена до две. Првото се роди во 38ма 3700 53цм. Јас и маж ми сме големи и двајцата, 195 е он 173 сум јас, и генетика има врска. Терминот во глобала е да пратат, зашто никој не знае најточно кога е настаната овулацијата и имплантацијата, па ете да имаат некој увид. Без разлика колку е бебето, терминот секогаш ќе го водат по последна менструација, е сега, бебка ќе избере кога ќе сака да излезе.