Па да имав една пред две недели многу болна ама само инцидентно, прво бебче ми е уште не знам да распознавам контракции Фала ти многу душо
Девојки, help. Само што сакав да седнам на столче на плочки, ми се лизна столчето и паднав право на газето. Не удрив со стомакот, ама многу се исплашив. Дали на некоја ѝ се случило нешто слично во бременост? Дали бевте во ред после тоа?
Според менструација. Јас бев 2 недели плус 40+3 се породив. Нема правила кога ќе дојде моментот ќе биде.
Да, истото ми се деси хахаха, сакав да местам алишта во машина и лупнав на гз. И тоа голема бев бајаги. Ништо не му беше на бебе, јас 300 филма свртев..
Оваа бременост со хипермеза, ајде се намали и дијагноза на нормално гадење и повраќање стигнав. Се намали и гадењето веќе некој период, и сега наеднаш вчера и денес полошо ми е од било кога… таман мислев на подобро оди, ова.. со првото во 13та наеднаш прекина се, ама од 12та 80% подобро ми беше. Ова сега 12+5, ја умирам од гадење и повраќање… уплав веќе имам дека вака ќе ми е цела бременост.
Иста бев, веќе едно време после 12та недела прекинав да се надевам дека некогаш ќе прекине скроз гадењето и повраќањето. Прекина, ама кога искрено не знам сигурно се ближев накај 5ти месец . Ретко навраќам на форумов, ти честитам за бременоста па чекаме да споделиш како е сo две .
Мене гадењето ме држеше скоро до крај на 4месец. Сега сум 6, но пак знае чат-пат да ми се згади само сега е искличиво после јадење, поготово после било што благо.
Леле, и јас сум исто. Поминаа 4 саати од падот и уште лежам и анализирам секое чувство. Немам никакви болки или крварење, ама поради цервиксот што ми е осетлива тема, одма 300 филма си направив. Се надевам дека и кај мене, како кај тебе, сè ќе биде во ред со бебушот
Мене со второто касно ми почна и траеше и втор триместер, а мајка ми вели на мене дека до последно глава ме кренала.. иначе мене со првото ми се повтори трет триместер т.е гадење имав со неа на почеток само ама не повраќање, а при крај повраќав. Еве ме мене пак по трет пат тука на дружење
И со првото и со второво исто ми почна, со тоа што со второво хипермеза имав. Со првото во 13та прекина, ова сака да ме умре Мајка ми немела ништо ни со мене ни со сестра ми, јас не знам што ќе бев, со инфузии со колабирања…
Јас бев 7 ми месец на море, не се печев на сонце избегавав кога беше најжешко и само море капење. Ако имаш уредна бременост јас би ти препорачала да си истераш поштено убав релаксиран одмор оваа година
17та недела сум тоа е 4рти или 5ти месец, ако може некоја мајка подобро да ме упати, пошо различно секаде ми дава некаде од 18та недела се смета во 5ти месец а некаде од 17та? Како е правилно
Па не се морални две мислења, но вториот скрининг е различен од првиот од 20-23та недела се прави. Доволно е по еднаш секој скрининг кај добар доктор.