Која недела си? Осеќаш движење на бебе откако падна или уште е рано? Во глобала заштитено е доста и не би требало да има проблем освен ако не е силен ударот. Јас паметната на 7 месеци на планинарење одев и во една река кога се лизнав од камен, како си треснав убаво реков готово е сега. Памтам бебе се растревожи одма почна да мрда ама немаше никаков проблем.
Здраво девојки, 35+4 сум, вчера бев на преглед, цтг беше ок, ама вечерта имав баш јаки како менструални болки во долниот дел на стомакот (кичмата не) скоро 2 саати со паузи и пропратени со тегнење и мрдање на бебе цело време. Бебе уште во 30 недела беше свртено со главата надоле. Денес се изгледа ок, бебе си мрда нормално. Дали да идам на преглед и денес ?
Јас го пијам тој магнезиум, една таблета наутро една навечер. Мене ми е добар, не ми прави напроблеми со стомакот/столица. Ама и покрај тоа знаат да ме фатат навечер грчеви во нозете. Инаку 25 недела сум, а го пијам од сам почеток затоа што имав менструални болки како растеше плодот.
Јас имам многу мака со грчеви можам да ти кажам мене што ми помогна..и јас го пиев бисглицинатот што го има ставено членката подолу дополнително како и помагање при спиење бидејќи бисглицинат помага за спиење/опуштање ама џабе го пиев, се отепав од грчеви навечер...сите ме советуваа да се префрлам на цитрат, ајде решив ќе послушам и 2 недели да чукнам во дрво ме нема фатено грч. Пијам на солгар цитрат едно апче сабајле едно навечер а некогаш и две навечер...зедов и од ДМ Магнезиум цитрат кесички и некогаш навечер пијам од нив. И ако се уморам многу на работа или дома, дополнително се масирам со една маст од Зегин ја зедов германска е, магнезиум форте ама името не и го знам...мене ако ме фатеше грч навечер, 3 дена куцав после тоа, со оваа маст одма ми поминува болката
Ти благодарам многу. Мене неделава почнаа да ме фаќаат грчеви на нозе, а денеска и ме болат листовите на допир. Дали го користиш овој магнезиум од солгар? Бидејќи има повеќе видови
Да овој го користам, меѓутоа за да внесиш 400 мг е потребно да се напиеш 2 апчиња, а апчињата се преголеми, ако си пиела амоксиклав нешто слично на нив...јас имам и проблеми со желудник и повраќање и многу ми се големи одвај ги голтам...затоа го зедов и Магнезиумот од Дм, тој е 400мг во една кесичка, го растварам и навечер го пијам како сок, е сега малку столицата ми стана потечна, ама барем е убав на вкус а ефтин и комбинирам некогаш овие од Солгар некогаш тој од Дм...мене грчевите ме фатија околу 12 недела и имав обично еднаш неделно ама после грчот, по 3-4 дена бев лом со болки, не можев да одам...пред 2 недели ме фатија 4 грчеви во една вечер и тогаш почнав да сум по конзистентна и со масирање и со кревање нозе на перница и почнав и магнезиум и сабајле да пијам, сега пу пу подобра сум...Пробај, пишував и овде и многу членки ми рекоа цитрат за грчеви и стварно така испадна
Здраво на сите, Би сакала да слушнам мислења и искуства од жени кои имале слична ситуација. Последна менструација: 02.05.2026 Имав повеќе позитивни тестови за овулација во периодот 10-15 мај, а односи имав од 10.05 до 25.05, последни на 24-25.05.(бидејќи сопругот не е во државата па точно знам ) Првиот позитивен тест за бременост ми беше на 02.06.2026 (бледа линија). β-hCG 06.06 – 145 11.06 – 1144 Денес бев на вагинално ехо. Се гледа гестациски сакус во матката со големина околу 1.3сm, но докторот не виде yolk sac ниту ембрион. Не коментираше многу, само ми закажа контрола за 7 дена. Имам ПЦОС и тромбофилија веројатно затоа е можно доцна овулација имплантација, но не ми е јасно. Дали некоја имала слична ситуација и кои се шансите по една недела да се појавил ембрион и срцева акција или ова ќе биде уште една лажна надеж? Благодарам однапред на сите што ќе споделат искуство. ❤️
Би требало да си 6+6 денес, што веќе би требало и срценце да се слушне. Ако е и касна овулација, што со пцос е многу често тогаш е рано и за недела две веќе ќе видите.
Здраво девојки, ми треба совет од поискусните, јас од денес влегувам во термин се мислам околу пораѓајот, прегледите ми ги прави др. Шпишиќ од Чаир, и ми вика ради инвитрото да не ризикуваме и да одиме на царски, но пак размислиси, можеш да си чекаш и болки за природно бидејки бебе добро е наместено но од моја 39та недела она заминува на одмор. Па сега се мислам како е полесно и подобро, од една страна имам лапароскопија колку толку запознаена сум со рани, болки.. од друга страна знам подобро од како што е мајка природа нема. Што би ме советувале?
Доколку е се во ред и за природно е дадено светло, јас би секогаш природно. Лично јас не сакам рани, две родив природно, третово здравје исто ако биде како треба. Закрепнувањето е буквално како ништо да не се десило. Сепак секоја жена доколку има опција да бира треба да се слуша себеси. За твојата ситуација со инвитро не знам немам искуство, зошто би било проблем да е природно?