Абе девојки, трета бременост ми е, денес сум 18+4, ама уште не го осеќам бебето да мрда. Пред неколку дена осетив нешто како тапкање неколку пати и толку. Со втората бременост памтам дека многу порано ги осеќав движењата. Дали е можно сега да е поради тоа што имам повеќе килограми или е рано уште?
Јас и двете ги осетив после 21 недела, тогаш докторката ми кажа дека има во тоа дали е на преден или заден ѕид поставено. Ако веќе нешто си осетила за некој ден ќе го осетиш повеќе.
Зависи дали на преден или на заден ѕид ти е постелката, а може и од килограмите да е. Мене ми е трето, стомакот ми е само кожа, толку многу мава што ми се чини низ кожа ќе излезе
Исто покасно почнав да го осеќам. Постелката на преден ѕид, а јас со далеку поголема килажа отколку со претходните две. И да, сега веќе мир нема.
Влагам во 5ти месец, претходно ми се појави стомак баш се чудев рано ама дека втора бременост, а овие два дена ептен ми е намален стомакот само како да сум поправена малку многу чудно како да го снема ама затоа над задникот односно појасот и нозете веднаш под препоните се поправив дали така ми се распоредува килажата, малку јадам и стварно чудно е. Некоја слично искуство?
Јас влегов 4ти исто втора бременост, до вчера бев ко 7ми месец, и сега наеднаш се издишав и нормално ми изгледа мешето. Најверојатно подуеноста си го правеше своето. Уште гадењево и повраќањево да се намали…
Ок значи слично како и јас, за недела ипол ќе одам на преглед да не брзам да си правам притисок се друго е ок. А гадењето јас сеуште го имам како тебе намалено е ама пак го има и јас незнам кога ќе исчезне
Јас со втора бременост до 6ти немав меше а сега одеднаш ми порасна во 8ми месец не му мисли толку бебе си влече се и подобро така.
https://www.zegin.com.mk/index.php/...sti-gaki-za-rodilki-velichina-l-xl-5-parchina Овие ги користев јас.
На тосама тото. Денеска 38+1 вчера бев на цтг преглед со рака и ехо . ништо не се случува буквално на врвот на прстот сум отворена плодова вода доволно постелка 2-3 степен најверојатно ќе тера уште а се си мислев четврто бебе ќе се роди порано. Уф едвај чекам да се породам мачно ми е веќе а и сакам да го видам и да си го гушнам бебето и конечно да се запознаеме. да го видат дадите и бате
Што носиш? Со првото во 13та воскрснав, ова не прекинува. Нит јадам, нит пијам течности. Не се трпи ова веќе…
Девојче носам, а со првото ништо не осетив ни гадење ни вака нестразмерно поправање. Оваа бременост ми е чудна на почетокот стомак имав, сега ми е спласнат, а од страните кај колковите имам остри болки одвреме на време и задников ми е направен машала, инаку сум слаба по природа. Дали отекувам не разбирам или така го носам бебето, за јадење не јадам многу леб избегнувам ретко благо само салати супи овошје внесувам
Девојки наредната недела сум на контрола и тогаш ќе ми зимаат брисеви. Но премногу имам некој исцедок не мириса но буквално гаќите ми се пожолтени, не се перат, некоја со вакво искуство. И уште нешто премногу сум уморна и постојано ми се спие очите ми паѓаат. Најмногу 3 часа можам да сум активна и толку веќе ми се празни батеријата. Кога треба да престане овој симптом.
Јас машко овој пат. Првото ми е девојче и многу отеков, ама премногу задршка на вода имав. Како мече бев отечена, али барем гадењето пократко траеше и можев нешто да каснам и да се напијам. Ова сега ништо не можам да јадам, три работи ги вртам, и течност никаква. Со сила пијам течност, по цена да умрам од гадење после тоа, ама морам зашто ќе дехидрирам. Со првото стомак наеднаш ми се појави накај 12-13 недела, така мини меше, со ова од почеток ко да сум 7ми месец, па сега наеднаш спласна. И мене колковите ме болат, и константно сум уморна, ко маратон да сум трчала.
Дали некоја води бременост кај др.Оливера Деметра ( Аеродром ). Веќе трета недела неможам да ги добијам. Дали некој знае што се случува ?
Мене двете ми се девојчиња, скроз различни бремености. Значи од гадење до вкусови различно. Со првото немав гајле се до пред пораѓај немав болки во препони, со второто душа извадив и втор семестер, мислев ми се делат препоните од болка, кисело сакав да јадам ме освежуваше и препечен леб. туку мене ме интересира дали некоја имала со едното гестациски, па сега е пак трудна и дали и за другото има? Или не мора да значи?