Не можам од докториве значи. Денес направив крвна слика и урина и резултативе чудни. Малку покачени леукоцити и гранулоцити во крв, а во урина леукоцити означени со дури +++. Ензимски ALT покачен. Дека гинекологот ми е на одмор, ги однесов кај општ матичен, и тој на замена, да ми објасни, само од памет ме извади, веројатно уринарна инфекција, па за алт ке следиме, ако и понатаму покачено, ехо на абдомен ќе правиме, замастување на црн дроб, не знам што. Останува утре да правам уринокултутра. Отворам тука, гледам пишувано дека е нормално во бременост вакви изместувања. Не знам што да мислам, имал некој набрзо слични резултати, што му препорачал гинеколог? Додека чекам да се врати мојава бар да знам на што сум
Нормално е, холестерол, седиментација, аст и алт не се испитуваат во бременост, нормално е да се покачени.
Па не пазев скроз од старт вторава ама претпоставував дека пак ќе имам. Првата бременост на почетокот многу удрив на бело тесто што не е типично за мене, втората не толку. Е сега јас и вака пијам само вода, сокови не, кафе без шеќер, благо малку јадам количински, леб не јадам на секој оброк, па и во бременоста не претерував исто, ама кога потврдив дека имам гестациски, повеќе пазев. Гледав да имам балансирани оброци повеќе, пазев каков леб јадам, пазев на редослед на намирници и комбинации во оброк за да се ублажи скок на шеќер (за што првиот пат не ни знаев)..
Женски не знам како да го облечам бебето... ми рекоја по долги да било дома е 24 степени не ми спие се буди се поти пробав тенко боди и тенки хеланки но жешко му е само по боди без чорапи ми е страв да не го настинам...
Мојот роден во ноември дома 22-23 степени седеше по само боди и долни пантолончиња тенки. Повеќе од тоа облечен вриштеше и се вцрвенуваше. Не знам кој ти рекол дека по долги треба да е, ама самото тоа што бебето се поти и плаче ти е знак дека не му е пријатно. Следи си го бебето. Расоблечи го слободно. Обелечено по кратки нема ништо да му биде.
Здраво мајки. Кажете лек за низок хемоглобин. Цело време сум под терапија прво тотхема сега хеферол. Мед со семе од коприва сок од цвекло јадам. Железото ми се покачи на 22 се хемоглобинот 111, 30 недела. Некој природен лек
Па не ти е толку лош хемоглобинот, јас за 110-115 не ни пиев терапија, серумско не ми падна вторава бременост. Терај тоа што правиш, првата бременост железото од 2 на 6 едвај ми се качи, а се утепав пиење тотхема и коприви. Е можеш да пиеш ладно какао мати го со маталка за нес на топлово, помага и тоа.
8+6 јас до пред недела дена немав никакви гадење освен киселини, е сега киселините се намалија а гадењето ми е само во поголем случај попладне, иако имам некогаш и на сабајле од самото четкање на заби