Јас не повратив ниту еднаш ама до 4 месец ми се гадеше од сите миризби. Ништо не можев да јадам, уште помалку да готвам, манџа со кромид аууу немаше шанси. Ужас. Не можев да заспијам се имаше еден ист мирис како да ми стоеше во носот. Само надвор не ми мирисаше и можев слободно да дишам.
Цел 4ти? Со првото од 13та недела процветав, со ова еве 14та нема абер. Моментално лежам и се борам да не повратам, не прекинува да ми се гади.