Јас ќе го правам во 32 недела здравје. Ко што читав се прави во период 30-34. Не сум докторка + прв пат трудница така што ако сум грешка плс коригирајте
Не е кратко. Докторот си гледа на монитор, повремено ќе каже нешто. Слободно прашувај си, сè ќе ти одговори. Ние си правевме муабет за патувања, и во меѓувреме само ќе каже: желудниче добро, прстиња 5, добри.....и така, во многу убава атмосфера помина прегледот, кој траеше 10-15 мин. Со лесно, сè да биде во ред.
Се испитува околу 24та, но ако има потреба може и порано. Јас го правев на почеток, 15-16 недела бидејќи при проверка на крвна слика, глукозата ми беше 6,1. И тоа беше прв знак за проверка на скриен шеќер.
Ќе видам сега брисевите што ќе излезе. И на контрола ќе ја прашам докторката. Еве на работа 2 пати менувам долен веш. Не знам дали да ставам дневни влошки, нели велат не е добро во бременост да се носат, па ги избегнувам.
Јас сум 8ми месец не можам повеќе на жештинава како е најдобро да направам да отворам боледување или патолошка ( не можам да се малтретирам сега на крај со бркање документи за патолошка ) решение некое ? До 24 ти јули ќе работиме после имаме колективен одмор до 10ти август ....ама не се издржува...
Не знам патолошка колку ќе ти помогне со оглед на тоа дека 45 дена пред термин мора да отвориш породилно. Земи си 2 недели од мат гинеколог (до 28 дена пред термин смее да даде) па 2 недели од мат доктор, стоматолог
Периодов се преморив зашто имам и тодлер, па не сум застаната и покрај гадење и повраќање. Чисти, пери и слично дома. Маж ми периодов на службен пат беше, па не можев ни многу да одморам. Некако се осеќам ко ич да не се пазам во бременоста, па почна малку страв да ме фаќа. Има ли некој со слично искуство? Да потенцирам дека со првото сум царски, од кој сеуште нема две години, па тоа дополнително ме плаши.
Јас нели скроз на почеток и заборавам дека сум бремена, немам застој. Крени, стани, чисти, трчај по паркови иако и со второто немав застој ама сега е ова претерано. Исто мм оваа недела се погоди да е презафатен и ако не ја дигам малава по 50 пати на ден еф. Сум зела борот на балкон да го преместувам, добро кај одиш жено си велам, никако да се навикнам. Немам за сега тегоби ама не знам дали заборавност е некаков симптом, ништо не пампатм, се ми е на пола сработено, купувам сјај за чинии и мислам сум го заборавила на каса за после да го најдам во фриждер.
Јас од гадење и повраќање не можам да заборавам сеуште, еве 14+ ама со детево, скроз заборавам на останатиот дел. Еве сега и вцто го чистев почнав бодежи во вагина да имам… памтам и со првото имав периодов, ама ете мир да немаш некако.
Пази се мајка, не е баш задолжително да чистиш тоалет. Остави го тој дел од работата на сопругот. Ем поради напорот (се наведнуваш, се исправаш), ем поради мирисите од средствата.
Маж ми е на службен пат, а кај и да е ќе проодеше вцво, најпрво за хигиена. Имам средства што не мирисаат, тука барем сум океј. Ама не можам да избегнам понекогаш некои работи како клекни, стани и сл, па затоа се плашам.
И јас сум дури и со серклаж, а сите ми викаат да лежам и да одмарам, ама со две мали деца дома тоа е речиси невозможно. Не можам ни еден саат во денот да седам мирна. И мене ова ми е трета бременост, а второто дете ми е родено лани во февруари, па цел ден сум во трчање по децата. Искрено, и јас често се чувствувам лошо и си велам дека не ѝ обрнувам доволно внимание на оваа бременост како на претходните, па ми е криво. Ама реално, со две мали деца дома е навистина невозможно да се однесуваш како во првата бременост. Правиме колку што можеме и тоа не значи дека помалку се грижиме за бебето. Господ на крај ке ни помогнит да ги извајме и овие на крај
Иста сум и јас. Тотално заборавам дека сум бремена, сите обврски по дома ги работам. Плус со 2 годишно дете сум кое не заатанува ниту 2мин. Најтешко ми паѓа а и ми е страв што само во раце заспива и тоа само јас да ја успијам по 20мин сигурно ја нишкам во раце и стоејќи, плус се буди ноќеска на секој 1 час и исто бара во раце да ја нишкам. Не знам како ќе биде за понатака но сега ми е многу напорно не одспиена, на работа одам, дома чистење, готвење, перење се на мене се чека, имам робот правосмикалка, но пак запнувам јас со рачна правосмукалка поубаво да исчистам и изџогирам абе ич не се пазам.Баш денеска голема корпа со алишта изнесов сама надвор да постилам, наведната преку тераса и сама си велам будало забораваш дека си бремена.