Мене на 09.07 ми е точно 7ма, ама јас не можам да дочекам, кај и да е планирам да одам на прв преглед, може ќе се види нешто Иначе и јас сум цела исфрлана и надувана, друго немам ништо од симптоми најверојатно е уште рано. @Veki4kaa Честитки Живо и здраво да е бебенцето
Девојки на првиов скрининг докторката ми рече дека постелката ми е многу ниско доле. Ми рече само да немам односи бидејќи може да дојде до крварење. Ми напомна и дека до следна контрола може да се качи нагоре. Имали некоја со такво искуство, на почеток постелката да е ниско, а потоа да се изместила. Малку сум исплашена.
На сите им е на почеток долу, тек сега почнува да се крева нагоре, ако до 28ма не е крената тогаш е проблем. Тогаш е превиа, сега е сосем нормално да е доле.
Кои таблети би ми ги препорачале против киселини во желудник? Периодично ми се појавуваат или ако претерам со благо....
Добро тогаш да не се нервирам. А не ми кажа докторката дека е почесто така, со првото немав таков проблем. Ти благодарам малку по смирена ќе сум. Јас мислам да не ми е од тоа што постарата ќеркичка многу ја држам во раце, ја успивам така, па и во текот на ноќта ја носам во раце кога ќе се разбуди.
Мене Димчев ми кажа, и Ана Данева кога бев бремена со првото. Дека е нормално да е ниско на почеток. И така и беше, веќе во 21ва кога бев на втор скрининг постелката беше крената.
Majki zdravo. Bremena sum, 11 meseci posle carski rez, treta bremenost. Dali nekoj se soocil so slicno, carski rez povtorno za kratok period? Kako ste pominale?
Јас сум 17 месеци после царски пак бремена. Моментално сум 15та недела, сега за сега сум океј, освен што имам тупави болки кај резот, но Котларова ми рече дека е нормално и дека ќе си ги имам низ цела бременост, сепак е операција. Како расте матката ќе си ги осеќам повеќе.
Кај матичната си одам, на скрининг само бев кај Котларова. И матичната и Котларова ми рекоа дека супер ми е зарасната претходната рана, и нормално ми ја следат бременоста.
Здраво, Јас сум со исто искуство и како што ти пишаа и другите исто. На почеток ми беше комплетно покриено грлото (мислам ми провери матичната баш околу 12-13 недела), а сега веќе 26та недела ми е 1.9цм подигната и со овој тренд уште ќе се дига. Треба да е над 2цм како што ми кажаа. Се најдобро
Мајки и трудници, како сте со килограми? Јас се имам поправено 10 кг и на последниот преглед, 27н 1д, докторката ми кажа дека 10 кила е на висока граница за крај на шести месец и ме засекира Ми кажа дека имало и малку повеќе плодова вода, не било страшно, но можело да биде како последица на внесување шекери. И ме замисли, јас си кркам лубеници, сладоледи и теста понекогаш, имам голем апетит - да, ама искрено тие 10 килограми не си ги приметувам како многу на мене (177 цм и 60 кг имав на почеток на бременост, значи сега 70). Шеќерот е во ред, скриен шеќер немам, а и не мислам дека претерувам со внес на благо и јаглехидрати. Гледам кога можам да пешачам по ова време ненормално ама и брзо се уморувам, не сум најактивна. И последниве неколку дена откако бев на доктор, се приметувам дека јадам ко глушец, со намалени порции, исфрлив шеќер освен овошје ама и тоа намалив, леб не јадам и постојано гладувам... Си велам од друга страна и тоа не е баш најздраво. Што јадете вака да ве заситува а да е здраво? Веќе не знам што да дозготвам
Јас бев 30кг поправена со првото, дури и немав плодова вода на крај. Многу задршка на вода имав, немав никаков проблем, не ни јадев многу, поготово прв триместар се откорнав од повраќање на инфузии бев. Еве сега и со второво, грам немам качено исто од повраќање и гадење. Ќе видиме до крај дали ќе ми е носењево исто.