Да, веќе тогаш и не се препорачува спиење на стомак или лежење. Јас вака ко огромен љубител на спиење на стомак, најголема патња ми е тоа моментално.
Тоа значи дека ти ги дале бесплатно ? Бидејки се на позитивна листа и нема да се рефундираат? Во врска со тоа прашувам
Тоа значи ке треба да ги рефундираш. И не треба така. На позитивна листа се и треба да следуваат бесплатно.
Приватно се купени. И јас имам така купувано без извештај само што нема рефундација за истите се разбира.
Женски, 31недела и 4 дена сум бремена, уште одам на работа.... Во план сум цел јули да го одам, а почеток на август кога и влегувам во 9ти месец да отворам породилно.... Арно ама сега читам во другана тема дека веќе 2 месеци доцни исплатата на породилното.... И сега во дилема сум што да правам... Што ќе советувате?
Јас сум исто со тебе со неделите, со тоа што сум на патолошка и таму каснат ама тоа е кај секого тука и немаме баш некој избор. Јас секако морам да отворам породилно чим влезам во 36та а матичната ми кажа во периодот од кога ќе го отворам до периодот додека дојде бебе не бил платен, односно пресметката ти почнува од денот кога ќе се породиш, јас сега прв пат ја дознав оваа инфомарција Како и да е, ни една плата не би ме натерала по жешково да идам на работа, јас и сега од домашни обврски брзо се уморувам хаха
Јас до сега со месеци така си купував без проблем у аптека и си правев рефундација во фонд, ама сега како што прочитав во другата група немало да има никаква рефундација за нас трудниците… секако сум при крај, веќе немам ни трпение да трчам по фонд за тоа
Баш така.. На вести си кажаа дека ке биде на позитивна листа, се пофалија а еве сеуште не може да се земат.. нејсе како до сега така и од сега ама не се фер. Наместо да олеснат само отежнуваат
Не, не е точно. Кога ќе отидеш на породилно, а не си се уште породена, се врши исплата откако ќе се породиш, односно откако ќе однесеш документи дека бебето е родено, извод, боледувањето и пријава. Се ќе ти биде исплатено но покасно. Јас заминав на породилно, а се породив после 2 недели. Наредниот месец прво ми беше исплатен тој пола месец, па после тоа се изедначија исплатите.
Инаку мој совет ти е земи боледување од општ лекар 2 недели ако немаш одмор многу мало ќе треба да го оставиш бебето.
Исплатата се врши секој месец различно, ама се исплаќа месец за месец. На пример ако овој месец земеш на 16ти, наредниот може да земеш на 26ти, па следен на 22ри. Не отварај породилно толку рано, многу мало ќе го оставиш бебето. Јас се каам што не земав две недели од матичен лекар. Треба да се вратам на работа пред да наполни 9 месеци, а нема кој да ја чува ќе оди во градинка.
И уште нешто. Не брзајте со отварање породилно. Во текот на месец јули секоја година има одлука од влада трудници да не одат на работа.
Планирам да користам цел одмор за 2026 г,после истекот на породилното, здравје само.... Ќе видам како ќе сторам, фала за советот... Исто, ќе мора да оди во градинка...
После одморот ако уште не си породена земи си две недели од матичен па после отвори породилно. Ако во меѓувреме се породиш секако тоа ќе ти го затворат другото ќе ти го отворат.
Одлуката е 2 3 дена реално.. Ама се сложувам за породилното да не се отвара рано. Едвај чекаме да се спасиме од работа ама бебе на 8 месеци после кога ќе треба да оставаме ќе си ја чукаме главата.
Не, планирам после истекот на породилно да го користам одморот од 2026г.. Значи во 2027 г, некаде почеток на мај ми истекува породилното, го земам одморот за 2026г. Треба најдоцна до 30.06. 2027г,да се искористи целиот одмор од 2026г,што следи законски.
Девојки знаетели колку е во систина и санте плус обичен ехо преглед, за да слушнам второ мислење. И кој лекар би ми препорачале од двете болници.