Dali nekoja clenka sto bocka kleksani ima zemeno sega ovoj mesec od koga se na pozitivna lista?Kako odi procedurata dali samo so recept se zemaat vo apteka i koja im e cenata?
Месец јули е долг, јас сакам да отворам боледување а чекам да најат мерки.. тешко ми е со мачнини сум и очигледно до крај ќе ми биде вака. Следава недела гледам до 30 ќе се движи тем, така да ќе се оди на работа
Јас изгледа сум единствена што немам повраќано, еве терам 9та недела немам ништо, дај боже да си бидам така!
Не си, јас првите три месеци немав никакви симптоми на бременост освен болки како за добивање еве веќе терам 32 недела, уживај си најубаво е така. Сега си го барам прв триместар
Знам дека е тешко ама верувај ми потешко е да оставиш бебе толку мало во градинка. Ако имаш кој да ти го чува тогаш немаш гајле, отвори кога можеш и уживај со меше дома.
И јас до сега немам повраќано а еве 19та недела сум. Имав намален апетит, цело време се чувствував прејадено и ептен бев заморна. Ама сега сум супер, апетитот ми се врати а енергијата ми се зголеми. Да видиме како ќе биде до крај
Зени, на одмор сме од четвртокот, јас доста пешачам и забушавам малце со кревање едностано со две деца не е можно нон стоп да се пази. Немам болки никакви, но сега на пришење имав мноогу малце кафеав исцедок т.е повеќе смеѓ. Имам искуство само со второто 10та недела свежа крв, но се беше во ред и не ми дадоја ништо,но бидејќи сега сме на одмор, до сега ме сум била на контрола тек четврток имам термин и ептен ми е на мисла. Утре си одиме.. иначе 6 недела и 4 дена сум.
Јас многу често имав кафеав исцедок првите недели (од 4та до 9-10 недела) кој траеше по 1-2 дена и секогаш се појавуваше кога ќе бев малце повеќе физички активна. Јас имам еден тодлер и исто не се пазев баш премногу на почетокот. Максимално бев покриена и без тоа со прогестерон терапија, така што немаше баш што да се направи. Намалив колку што можам кревање на малата, гледав да се хидрирам и одмарам тие денови што можам повеќе,и тоа беше тоа - брзо се смируваше. На преглед не идев специјално ради исцедокот, секако на почеток имав редовни прегледи на 10 дена, а и првите 1-2 пати кога ми се појави ја контактирав докторката што ме води и она ми кажа дека е сосема нормална појава првите недели и освен ако не е придружено со големи менструални болки или ако се префрли во црвена крв, нема простор за паника. На редовните прегледи се си беше супер, па на крај прекинав и да се оптеретувам премногу, си го сфатив како симптом што се јавува кај одредени трудници поради зголемена циркулација и нежни капилари. Сега сум 16та недела, одамна не сум имала исцедок да не урочам и се си е како што треба. Ако ти е на мисла подобро отиди пред пат доколку си во можност или барем пиши на докторот што те води, ќе те смири, да не се туфкаш на одмор.
Не викај два пати, за сѐ што се “пофалив” дека не ми се дешава во бременоста, наредниот ден куца на вратима За повраќање таман се израдував, оп повраќање ради страшни мигрени, за киселини се фалев како можам сѐ да јадам - наредниот ден почнаа. Се шегувам, секако. Се надевам кај сите да биде лесно носењето и породувањето и растењето! Како одминувааат неделите, просто неверојатно ми е што жените може да истрпиме и со што сѐ може да се соочиме за да донесеме нов живот
Поради тебе дојдав да ѕирнам на форумов Добре дојде на четвртата среќа,голем да расне со сите Божји благодети! Лесно и брзо закрепнување Векичка. Со нетрпение очекувам детали во темата породилни приказни .
И да не кажеш. Еве денеска кичма ме убива. Инаку од мигрена и јас си патам, последно сега едвај издржав, парацетамол во никој случај не ми помага. На крај ладни облоги ставав на глава во затворена просторија си плачев од болка... Со лесно да ни е, се да си поминеме во ред! Да ти кажам вака кога го гледам мм си ужива ништо не го боли му љубоморам. Последно ми вика и јас ги носев 30г со мене. Се мислев дали да го плеснам една или да си се воздржам.
Да ама не дават ни гинеколозите јас сум 33та недела и користам боловање од општ матичен искористив од гинеколог и не ми дава повеќе вели од 34та недела да ми отворела породилно се јас не сакам толку рано ??? И како е најпаметно да направам совет некој ???
Девојки што мислите за резултагите поточно за високото hcg. Дали да одам на второ мислење или да правам друго испитување. Докторката рече во ред се само тоа не ми објасни зошто е високо hcg.
Девојки, ве молам за искуство. Ова ми е трета бременост, моментално сум 21. недела, а стомакот ми е огромен, како да сум 38. недела. Буквално ми почнува веднаш под градите и цел е подуен и затегнат. Толку ми е тврд што имам чувство дека кожата ќе ми пукне. Во двете претходни бремености (со девојчињата), стомакот едвај ми се познаваше до некаде околу 25. недела, а сега разликата е огромна. Да напоменам дека досега имам качено околу 12 кг Дали некоја што е или била трета бременост имала вакво искуство? Дали е нормално стомакот толку рано да биде толку голем ?