Иста сум и јас. Многу нагло ми порасна ама после имаше период на стагнација. Реално пак во споредба со другите две бремености повеќе кг имам качено. Еве 38 недела сум околу 15-17 кг имам сигурно, ама па не ги осеќам, како се во стомак да се, вака раце нозе иста сум мислам. Не се секирај со 3 деца мислам брзо ќе ги симнеме. Со лесно до крај!
Здраво, бремена сум 33 недела, минатата недела бев хоспитализирана поради намалени протоци кои ги видоа на ехо. Примав магнезиум венски и инекции за зреење на плуќа кај бебето. Дали некоја била во ваква ситуација и да каже искуство ептен сум преплашена. Претходно мн слабо ги осеќав движењата на бебенцето дури и воопшто. Кога ме испуштија протоците беа подобрени.
Мислев на боледување од матичен до 15 дена што даваат, патолошка не отварам и одморот го чувам за последниот месец да го искористам зошто ќе ми пропадне, породилното е 9 месеци, а јас по правило август 2027 ќе треба да се вратам на работа. Да сум само добра и да издржам до октомври на работа
За ваква работа мене ми дадоа клексани. И тоа 2x на ден се боцкав. Кој доктор те испушти од болница ?
Да си се пожалам, како влегов во последно тромесечие, почна лесно спиење, будење на секое вртење па преселба на перниците и поркивачи, будење од клоцање, будење од што мислам дека го „гмечам“ бебето, будење од што ми е топло, будење од киселини или генерално да кажам неспиење навечер Ако легнам попладне по работа станувам како доутепана па ни тоа доспивање не е решение. Ајде уште три месеци
Исто. Повеќе се мачам навечер отколку што спијам. Јас па и со болки во колкови сум, се вртам почесто зошто ептен заболува. А секое вртење е напорно, дури се наместам со перниците. Па ај чим веќе сум се разбудила да појдам до вц, па успат и вода ќе се напијам. Се будам 5-6 пати сигурно во текот на ноќта, два пати станувам до тоалет. А како ми стана поголем стомакот и позите за спиење ептен ми се ограничени. Како ќе се издржи до крај...уште сега воопшто не сум одморена а после со бебево па ни толку.
Дали правевте prisca на приватно или државно? Матичната ми кажа дека нема термин за на ГАК и баш проверив дека нема, чудно ми е како сите околу мене одат за prisca и брисеви на ГАК и не плаќаат ништо јас еден термин не можам да најдам??? Пс 3900 ја платив, и торч тест 900.
Хм, чудно... јас правев НИФТИ така што не можам да ти дадам совет за тоа, но торч направив на државно и не беше со закажување термин, само упат ми даде матичната и отидов едно сабајле.
Со закажан скрининг на гак ќе те пратат од таму за приска, но ако правиш нипт, немаш потреба од приска.
Со клексани сум од сам почеток поради тромбофилија.. Пред да си одам на ехо видоа подобрени рез и затоа ме пуштија ама на контроли одам на 2 дена.. Постојано следат што како е, ама премногу сум исплашена дали ќе е ок се со бебенцето, затоа и прашав дали некој бил во ваква ситуација и искуство..
Здраво. Моментално сум на одмор и ми се скрши мал дел од пломбата на долната 8мица Немам силна болка, но кога пијам ладни или топли течности чувствувам чувствителност на тоа место. Дали е опасно да почекам уште 6 дена додека се вратам дома и да одам тогаш на стоматолог, или треба да побарам стоматолог веднаш? Благодарам.
Zdr sakam da prasam za vtora bremenost dali e polesno so prvoto se porodiv i se mi bese nekako niz magla i imav za prvorotka brz poragaj so prvokaci i so epiduralna dali za vtoro e isto so bolovi so se ili barem malku e polesno
Би требало да е полесно и јас истото се надевам од што и јас имав екстра лесен пораѓај сега ми е страв само дома да не го родам
Navistina imav lesen poragaj se porodiv odprilika za pola saat ili saat ama sepak sega znam kako odi otvaranje bolovi pa dali ke bide isto ili barem ke e malku polesno
Болови има и тоа е нормално само некако целиот процес трае пократко, мене вториот пород ми беше интересен оти имав долги прекини на контракции и доста бев одморена за разлика со првото, но затоа веќе кога ме примија на болница одеше се побрзо да, но тогаш пак немав одмор констатно бев со контракции 4 саати. Иначе процес мислам од првата контракција или паѓање на служен чеп, не од кога ставаат на бокс.
Јас денес прв пат си го видов бебуш, таман за неделата си е. Влегов веќе во 8ма недела и како по книга како што беше и со второто два дена веќе не можам глава да кренам и ви се придружувам во групата- ни вода не можам да се напијам. Многу лошо се осеќам, ми гори цело грло и желудник, главата ме искина. Најтешко од се ми паѓа што децава дома не ми даваат да одморам, ајде големата и некако ова малово е страшно досадно
И мене ми беше така вкупно 5 недели, толку многу ослабев што почнав да се плашам дека нешто не е во ред. Ми помогнаа антиметил апчињата и капките наусолвит. Ама после одредено време ме хоспитализираа на една недела и од тогаш до денес еве 12та недела веќе супер сум. Да знаев порано ќе отидев на инфузии, а најмногу ми се повраќаше од обична вода и мирисот на живо месо.