Мене ни тоа не ми помогна, ни апчињата ни инфузии… 16+ сум на одмор сме во Грција и тука тек видов подобрување.
Мислам дека мене накај 17та недела ми престана повраќањето. Повраќав многу, секој оброк буквално. Ослбнав три кила. Само ѓевречиња јадев, и јогурт понекогаш ако не ми се гадеше. Ништо не ми помогна мене, ни инфузии. ни аплиња ни тие капките гадни од ѓумбир. Магично ми помина, се надевам ќе ти помине наскоро..
И со првото кога бевме во Грција немав никаков проблем и еве со второто, пак магично ништо не ми е во Грција. Тогаш бев 10та недела, а умирав од 5та недела секој ден сѐ до Грција, но кога се вративме назад во Мк завршив на инфузии сѐ до 13та кога се прекина. Сега не знам дали е до воздухов во Грција или веќе 16+ па поминува, ама само симит можев да каснам и никаква ама никаква течност не можев да ставам во уста. Се надевам дека променава не е до воздухов овде.
Пошо два дена не можам ни ја никаква течност, значи жедна сум.. др ми рече коцка мраз да ставам во уста и постепено оти се топи. На моменти инаку ме препотува, а пак знае на моменти и да ме треси. Се во два дена се смени. Знам дека со малава имав проблем нели пишав и втор семестер траеше ама вака до толку не.
Јас пиев по малку за да не дехидрирам, повраќав и умирав од гадење по цена на тоа. Ништо, ама баш ништо не ми помогна, оваа бременост ми е 300 пати полоша, хипермеза имав.
Покасно ја најдов оваа тема и ќе си направам копи пасте на мислењето. Некако поактивни сте ми овде. Јас едвај преживеав овие последни две три недели. Не можам да готвам никако а сум постојано мртва гладна и од што ми е празен желудникот повеќе ми се лоши и не се чувствувам добро. Ама ми се гади од секоја храна што испаѓа од мојата кујна, доколку не е во пакетче никако не можам да ја јадам. За месо па воопшто не правам муабет, а најдобро поминувам со тајландска храна, за нејзе немам проблем. За на лекар бев на лекар, преглед во осмата недела и со докторката правевме муабет и јас сакав нели тестови за испитување за од даунов синдром и слично овде што ве читам вас. Таа ми рече дека всушност бидејќи сум била млада тестот ќе бил 53% точен и 47% неточен. И доколку покажел аномалии ќе морало да ми прават испитување преку водата во која е бебето и тоа било процедува во поодмината бременост и било ризично. Така да освен ехото во 22рата недела кое е за мерење на главата, рбетот, внатрешните органи и нема да има некој дополнителни испитувања. Е сега дали тоа е ехото што го читам како скрининг? Мене воопшто ништо не ми е јасно, јас само читам за некој испитувања и тестови но на лекар кога ќе отидам како да не постојат тие опции или пак еве јас сум збунета па може зборуваме за истите. Инаку дури сега почнав да земам апчиња за фолна. Исто така ми зедоа крв но тоа било за испитување на мене, јас дали сум имала некој болести во моментот бидејќи гинекологот прв пат го гледам. Може ли некој да ми ги разјасни овие работи како одат тие испитувања и што би требало да очекувам на прегледите? Ах и срцева реакција имаше ама не го пушти звукот за да слушнам најверојатно следен пат треба да си побарам. А искрено баш се радував дека ќе слушнам срцева реакција
Зависи многу од државата и од гинекологот, ама јас имав доста испитувања во бременоста и искрено ми дадоа поголема сигурност. Кај мене беше вака: Прв скрининг помеѓу 11–13+6 недели, каде на ехо се гледаат нухалната транслуценца, носната коска и други маркери Крвни анализи за прв скрининг. Пренатален ДНК тест (НИПТ). Постојат повеќе различни тестови, како Qualified, NIFTY, Panorama и други. За нив можеш подетално да прочиташ во темата за скрининг. Се прават од 10. недела од бременоста па натаму и не се задолжителни, но ако имаш можност, јас би ти препорачала да го направиш бидејќи се многу точни за најчестите хромозомски аномалии. Втор скрининг (морфологија) околу 20–22 недела, каде детално се прегледуваат сите органи на бебето. Кај мене докторката ми направи и доплер, бидејќи едната маточна артерија имаше послаб проток, па ми препиша аспирин и ќе ме следи повторно. Ми го мереше и грлото на матката (цервиксот), бидејќи тоа е многу важно за проценка на ризик од предвремено породување. Редовни лабораториски анализи (крв, урина), крвна група, инфекции и останатите стандардни испитувања што се прават во бременост. Не значи дека секоја трудница треба да ги прави сите овие испитувања, бидејќи протоколите се разликуваат од држава до држава. Но, јас лично би направила барем прв и втор скрининг, а доколку има можност и НИПТ, бидејќи тоа се едни од најважните прегледи во бременоста
Здраво дечки, 8 недели и пет дена тука .После позитивен тест направив првин едно ехо на 6 недели и 2 дена и слушнавме одма срцева акција. После тоа во седма недела ми се сменија симптомите како нагло да ги снема и се преплашив па отидов пак на уште едно ехо само за да се уверам дека се е ок што и беше. Сега веќе имам варијација на симптоми мачнина немам воопшто можеби еднаш два пати ми се гадеше од одредени мириси. Болка во градите да ама не е мн силна како на почетокот. Кај мене се најизразени заморот- можам да спијам со саати после работа ручам и паѓам буквално во кома... Другиот симптом е надуеноста и тоа ептен како да сум веќе 6ти месец хаха. Имам прв скрининг на 29ти јули сега ( ехо, брисеви и истовремено и крвна слика ) , се надевам се е ќе е ок и ќе се дружиме тука често хаха
@WarriorMind Тестот за аномалии вклучува повеќе синдроми, разгледај на страниците што нудат НИПТ тестови. Последниве месеци е многу намалена цената на тестот околу 19 000ден е сега, а до зимоска беше 42 000, па ако можеш да си дозволиш направи си. Тој тест се прави од 11та до 14та недела, а доколку недај боже испадне зголемен ризик за некој синдром, тогаш ќе ви дадат препорака да направите амниоцинтеза. Секако помала е веројатноста да има плодот некоја аномалија доколку сте млади, но не и невозможна. - Пре-натални витамини веднаш почни си, ПреМама или Новалац. Од витамини пак во консултација со гинекологот, јас земав ВитД, Метил Фолат, Б12 во првото тромесечие, овие ми беа препорачани. Истражувај и сама некои работи, гинеколозите немаат време да ти објаснуваат се детално кога идеш на преглед, некои немаат толку трпение, некои очекуваат дека трудниците денес се многу поинформирани, па директно зборуваат постручно и ако не си баш запознаен ќе климаш глава, а кога ќе излезеш од таму милион прашања ќе имаш. На преглед се оди на 4-5 недели, со нова крвна слика. Тоа што тебе ти земале крв за испитувања за тебе, претпоставувам е за мутации, да се види дали имаш тромбофилија, или за Д-димери и хемостаза. Прв позначаен преглед е во 12та недела. Прв скрининг се вика, тоа е всушност подетален ехо преглед (вагинално и преку стомак), на кој се мерат димензии на органи, коски, како иде развојот, дали се забележува нешто специфично. Тогаш ќе ви земат брисеви за бактерии, можно е да ви го кажат и полот. После ќе си одиш на редовни прегледи, отприлика на 4-5 недели. Па на втор скрининг кој се прави од 20та до 23та недела. Тој е можеби најглавен преглед во бременоста. Долго време го гледаат плодот, мерат и сл.
I jas da si kazam poleka sum velkje 31 nedela,macnini imav do pred mesec ipol od sabajle, Sega imam navecer kiselini od vreme na vreme gi imsv pocesto, Sega vekje vo odenje osekjam zamor kolku mozam pesacam, no heneralno imam zamor. 'Vo odnos na spienjeto navever se budam se vrtam vo Krevet inace otvoriv boleduvanje!
Јас до сега ги имав овие прегледи: - 5 недела прво ехо се виде точка - 7.5 недела срцева реакција - 9 недела ехо бидејќи бев хоспитализирана - 12 недела скрининг и крв за приска Следно 15 недела брисеви, од 4ти месец па секој месец натаму крвна слика и дд и уринокултура. Сакав да правам нифти ама докторката ми кажа јас да си одлучам бидејќи е природна бременост, 27 години имам и немам ризични наследни болести нејзина препорака беше приска па ако покаже нешто тогаш нифти и ја послушав. Се надевам се ќе биде во ред.
Ќе биде, и јас истиот коментар го имав од мојата докторка. Исто имам 27 години природна бременост и еве сега сум 37 недела. Имам само приска правено и деталните скрининзи
Прва бременост во Македонија водена и немам правено Нифти тест сега втора во Швајцарија исто немам. Доколку видат нешто сомнително на скрининг ќе те посочат да си направиш.
Има 2 вида основни брисеви што ги прават обично - едните се брисеви за инфекции, ги прават внатрешно со спекулум. Јас во 30 недела ќе ги правам овие, така ми закажа матичната. А брисот за стрептокока GBS се прави без спекулум од вагина и анус се зема брис од 35 недела натака.
Јас денес си слушнав срценце Навистина немало поубаво чувство, сами солзи ми течеја Ехо, срценце се е таман вика докторката за 7ма недела, но мене ми закажа брисеви за понеделник. Гледам подоцна ги правите но јас секојдневно имам болки како во лев јајник па ми ја зголеми дозата на Дабростан на 3 пати дневно и закажавме брисеви и крв за понеделник, вака не е јасно зошто толку болка. И така цел ден си плачам од среќа денес, се надевам дека ќе биде се во ред со брисевите и се мислам кога да им кажеме на блиските. Кога почнавте да кажувате вие ?
Девојки дали имате искуство со PUPPS осипот во бременост, поточно во втор триместар ? Знам дека е типичен за трет триместар, доктор вели може и да е во втор дека втора бременост … Сакам да одам и на второ мислење па и тоа ќе ве замолам да ми предложите добар кожен лекар приватно.