Ние 13та недела, чекавме резултати од нипт и прв скрининг да се осигураме дека се е во ред, па со сликички и пол се спремно почнавме да кажуваме. Ма да ништо не е гаранција, па правете си како ви е мерак и најубаво за вас.
Честитки, посакувам лесно да помине бременоста. Ќе видиш секој преглед понатаму се пореално и пореално ќе станува - ќе се формира мало човече, јас едвај ги чекам ехата да го видам За мене првите 3 месеци беа најтешки, не затоа што имав симптоми и гадење, туку затоа што се “зарековме” да не кажеме дур не направиме нифти и цело време во себе си држев. Така што и јас почнав да кажувам од 3 месец натаму. Што се однесува до брисевите, мене докторката и на првиот преглед кога се чу срценце ми спомна, но јас имав направено веќе ПАП и брисеви на редовен преглед 2 месеци претходно, така што ми рече многу е брзо, ќе направиме кон крајот.
Девојки, пијам магнезиум цитрат 2 пати дневно и еднаш дневно Токорелакс. Последниве денови многу често ме фаќаат грчеви во нозете, особено навечер. Дали на некоја ѝ се случило истото? Дали ви препорачаа да ја зголемите дозата на магнезиум или решението беше нешто друго?
Благодарам И јас 2 месеци пред бременост правев пап и брисеви и се беше чисто, но докторката сака да се осигура заради болката во лева страна што ја имам. Иначе и јас мислам на 3 месеци да почниме да кажуваме (ако успеам да се докријам, јас сум од тие што изгледаме во 6та недела ко 6ти месец, или ако си спадни надуеното ) Мислев на родителите на сопруг и моите да си кажеме сега, оти негде мора да се пофалам, ќе испукам На тоа и мислев кога реков “блиските”
Како се осеќате вие најубаво, нема никакво правило, а вашите родители се најблиски од било кој, и ќе бидат покрај вас без разлика на све. Ние кажавме дента кога видов позитивен тест на 4нед и 2 дена и еве све си е супер веќе 4ти месец
Зголемија дозата на магнезиум само,јас и покрај зголемена доза имав пак грчеви во нозете осебено при крајот на бременоста.
Фала ви на советите ќе доистражувам и сама ама после прочитани некој мислења малку и се утешив. @Vera-Olivera ние кажавме после првиот преглед а тоа е во 8мата недела на најблиските. Мајка, татко, брат, сестра и толку. Тие нема да разгласуваат наоколу секако а се мислам да престанам да кријам и од други кога ќе влезам во 4ти месец.
Во 9 недела кажавме дома, на други немаме кажано сеуште и не чувствувам потреба. Ако прашаат океј, ама вака глупо ми е да пишам или ѕвонам на други и да им кажам дека сум бремена...
Јас имав во предходните бремености, мислам и пак дека ќе имам. Само магнезиум, масажа, станував среде ноќ ставав нозете во вода нешто ќе се подсмиреше ама ништо посебно.
И јас имам, имам пишувано во темава, минатата бременост немав воопшто овај пат ме изгореа грчеви...пијам магнезиум и до 1000мг некои денови, досега сменав 3-4 различни видови и фирми на мг, ќе ми се смират некоја недела и пак ќе ме фатат...кога пиев цитрат од солгар немав 3-4 недели скоро, ми се навикна телово и пак ми се вратија, сега пијам едни во кесички, немав 2 недели сега една вечер пак имав... има еден гел во зегин, магнезиум форте тој ми помага бидејќи мене ногата што ќе ми се згрчи 3-4 дена после тоа ме боли многу и куцам ама чаре за да престанат немам најдено
На одмор сме и воопшто не можам да влезам во море, ми се грчи стомакот и воопшто не ми е пријатно. Некој со слично искуство?
Мене првите 2-3дена ми беше слично, на пливање осеќав чудно тегнење на мускулите кај стомакот ама ми помина и после океј ми беше
Здраво сакам да прашам дали некој е забременил а е имал ендометријален полип, што препораки сте добиле од гинеколозите?
Сум запамтила дека пред крај на бременоста бебињата не се толку активни, нели немаат место, а не се сеќавам со првото како ми беше. Ова лудува не престанува 38 недела сум дури ме заболува на моменти коа ќе се истегне. Нема потреба од паника нели
Моето второ лудуваше до крај памтам мислев низ попол ќе ми излези, па тоа туркање накај препони, посебно ако нешто јадев зачинето, кисело или кока кола.
Јас сега до последно го осеќав, до пред да се роди. На бокс лежев и го осеќав како мрда и ика. И на ЦТГ се слушаше.