Здраво, сакам да прашам за повеќе детали околу пакетите за породување во систина, (веќе сум 7ми месец)кога се избира доктор, дали тој преглед спаѓа во пакетот или дополнително си го плаќам? Дали има и некои други да речам скриени трошоци кои не се наведени а треба да се направат пред самиот пораѓај ?
Сега со новите понуди велат дека спаѓало само породувањето, и секако дента кога те примаат крвни анализи за мајката, потоа за бебето преглед. Не знам како ќе биде за цтг кога треба да се иде секоја недела, од 37ма недела натаму, дали може да идеш на државно или мора тоа да биде во систина? Ако е во систина, тогаш претпоставувам го наплаќаат дополнително како преглед. Јас оставив аванс за породување пролетта, со вклучени прегледи за цтг, доктор сеуште немам изберено. 32 недела планирам на третиот скрининг да идам кај докторот што ќе ме породува и тогаш ќе кажам за кој доктор сум одлучена. Патем, што ако ме фатат болки навечер, трета смена или државен празник, ќе ме породи тој што е дежурен така? Тогаш бирањето доктор џабе?
Ако се породиш во тие услови (надвор од раб време) те пораѓа дежурен и плаќаш цена на пакет од група во која спаѓа тој доктор. Но има напомена дека Ако инсистираш на избраниот тогаш треба да доплатиш уште 20.000 за да дојде тој доктор. инаку се јавив да се распрашам но малку нејасни одговори добив па затоа прашувам некој ако знае подобро, како они ќе знаат кој доктор го имам избрано дали тоа значи закажување на дополнителен преглед? Бидејки еве конкретно имам закажан 3 скрининг кај Димчев, но кај друг би се породила…
Како што разбрав јас, ако се породиш во период 15 јуни - 15 септември и сакаш да бидеш во тие новите поевтини пакети, сѐ што имаш дотогаш користено како „бесплатни“ услуги - јога, масажи, ЦТГ-а (бесплатни се од 36-та недела натаму) треба да си ги платиш. Значи, ќе те фати исто излегува. А во однос на избирање доктор, и јас уште немам избрано и не знам каде треба да се каже тоа кој доктор го избирам. Тој иницијалниот преглед кај докторот што сакаш да те пораѓа не е бесплатен. И јас имам трет скрининг кај Димчев во 32 недела и после ќе закажам преглед кај некој од докторите што ми се потенцијални за пораѓај и тој се плаќа редовно како преглед (со 10% попуст што следува со авансното плаќање). Кај кој доктор би се пораѓала? Јас се мислам помеѓу Младен Ристески и Слободан Дракулевски.
Ахаа јасно, секако ми беше за редовните пакети, не за промотивните. А инаку се мислам меѓу Корнелија, Младен и Палчевски…
Здраво, Дали има некоја трудница искуство со покачени ензими на црн дроб (ALT, AST)? Многу се покачени, 168 и 308, а реф вредности до 37 и 60. 27та недела, гинекологот ми кажа да пијам Силимарин и да прекинам суплементи (пиев пренатални novalac, хемовит+вит ц, магнезиум, вит д)
И јас претходната бременост не, ама сега зедов упат од обичен матичен и таа ги штиклирала и се стаписав.
Здраво мајки една консултација со вас. На почетокот на август треба да отворам породилно,оти бев на патолошка 45 дена пред пораѓај.Боледување нема да ми признаат од фирмата,( не коментирам ) дали е паметно да побарам одмор од 2026 2 недели сега или од кога ќе се породам.( Ако ми дозволат ) Што ми предлагате???
А зашто не би ти одобриле боледување, тоа е твое право да користиш, исто како со одморот? Јас сум исто, со тоа што кај мене новиот одмор ми го даваат за следната година кога ќе ми истече породолното отсуство а не сега, таква е политиката и процедурите на фирмата. Како и да го земеш тие се деновите, можеби е подобро и за после ќе си бидеш подолго дома со бебе
Koga se zakazuva prvo eho? Dali prvo se odi na 5 nedela za da se vidi gestacisko kese ili prvo eho e za srceva akcija na 6+ nedela?
Најдобро е првото ехо да биде две недели после доцнење на циклусот, значи негде 6та недела. Ти ако сакаш можеш и порано меѓутоа за да избегнеш стрес и да не го мислиш најдобро е малце покасно, јас прв пат бев на 6+2 тогаш имаше и срцева акција
Честитки Да сте живи и здрави и многу среќни @denizzz не смее фирма да не ти одобри боледување. Побарај си го договорот за вработување и види што е наведено по тој основ и така инсистирај да ти одобрат. Останатото на исто се сведува, деновите се тие, нит добиваш нит губиш нешто без разлика дали ќе го отвориш породилното или ќе користиш одмор.
Јас се породив во Систина пред еден месец и не доплатив никакви скриени трошоци надвор од пакетот. Прегледот во 36та недела кај докторот што ќе се пораѓаш мислам дека е индивидуално кај секој дали ќе ти го наплати, конкретно мене Палчевски не ми го наплати. Освен цтг од 36та, имаш крвна слика и брисеви (нос, грло) пред пораѓај, друго немаш.
Девојки, како ви беа поставени бебињата околу 22. недела? На вториот скрининг ми кажаа дека моето бебе е многу ниско поставено, главчето му е буквално до грлото на матката, па дури не можеа ни убаво да му го видат лицето. Затоа ми закажаа повторно скрининг во 26. недела за да проверат дали ќе се подигне погоре. Дали некоја имала вакво искуство? Дали е нормално во оваа недела бебето да биде толку ниско и подоцна само да се подигне?