Земи си бодиња од оние на рамки, над нив можеш тенки блузички и шпихозни да му облекуваш... И со долги земај си, ама потенки да се. Ко што е и сега мешано времево, и септември може да се погоди постуден од минатите години.
Претежно Мк септември е уште жешко, доколку е жешко нека биде со кратки, многу е важно бебето да не се прегрее, затоа што телесната температура не можат да ја регулираат како нас возрасните. Доколку па е накај 24-5 степени може долу со долги горе со кратки. Пониска од 22 може со тенко блузе, а јас би боди на долги без под него друго боди. Чорапи реално не се потребни. За летно време не важи еден слој повеќе од тебе, за покривање памучна тенка пелена. Значи имај бодиња на долги неколку, на кратки, памучни долги пантолончиња, некое тенко дуксче
Дали користете серуми за лице во бременост? За ретинол и салицилна знам дека не смееме, ама ниацинамид? Пишува дека смееме, ама не знам. Лицето ми е проблематично со црнки и проширени пори на т зона, немам ставено ништо 4 месеци, ама ужас ми е. Плус брунки.
Исто користам и јас. @Vera-Olivera Ние уште немаме кажано, сакам да си се осигурам дека се е во ред па после да кажуваме. Терам накај 12та недела, не ми се познава уште, стомаче си имам цел живот, ама мајка ко мајка ме намириса дека имам качено некое килце. Уште се кријам колку можам. Од понеделник почнувам со тестови, да заврши се па ќе кажеме. П.С. Ме чека паника од нејзина страна како ќе се качам во авион, имам закажано за на одмор во Египет, со консултации од докторот можам слободно да одам. Баш памтам дека го затрупав со милион прашања и на сето ми одговори:- Не си хендикепирана, бремена си! Бегај од многу жешко и уживај во бременоста..
И сега додека чекам да дојде утре за прием што уште да правам дома? *неможам да седам така паметот на 300 страни ми бега
За пораѓај ли? Јас чистев дома како луда се дур не трнав за на болница, шетав по скали ако си за природно.
Да за природно, исто и јас со првото бев, и отидов ме задржаа, непланирано иако надминат ми беше терминот ама сега дека сум 4см а ме вратија за утре и договорено дека, па некако и ми е страв толку да вежбам или незнам, а немам болки и незнам што да правам Се си мислам дека ако се качувам по скали дека уште вечер може ќе треба да отидам а не утре
Здраво. Некоја што е нна боледување да ме упати. Имено,20+1 сум,и се водам под дијагноза 020 заканувачки абортус. Во која недела се преминува од таа дијагноза во 047 лажно расенје/раѓање?
Благодарам. Ми требаше точната недела, бидејки треба да одам на конзилијарно, и уште сега не може да ми фати термин ради дијагнозите, а и самата докт не знаела точно
Епа ако де чим си 4цм оди по скали вежбај и врати се вечер до на преглед, со второ процесот оди побрзо, мене со 5цм ме примија на болница за 4 саати се породив со второто, со првото 4цм ми траеа 10 саати муабетот ми е да не спиеш на тоа уво за утре секако мора да те примат ма преглед и да те вратат ништо чудмо ама мислам то вечерва ќе си останиш таму. Со лес само
Јас дамо дтресови им правев со патувањата Те читам и ми текнува дека мајка ми паничеше и претходно кога требаше да патувам негде, а тек во бременост со страв и соопштував. А се изнашетав речиси до 9 месец и тоа на жешко по плажи и со тегнење по аеродроми, трансфери и прекуокеански летови. Штом не доби срцев удар тогаш, нема гајле веќе
@FlirtBerry јас двете бремености ги поминав во авион, секој месец бев на преглед и се враќав за Мк значи по 2 пати месечно летав. Со второто пак и ќерка ми тогаш 2 и пол години имаше ја влечкав по мене секој лет само кога се оди на одмор треба пазење каква храна се јаде, да не си на жешко многу, хидратација, нозете малце качени на повисоко за да не задржуваш вода и секако не бањање во базен. Летовите се најмал проблем.
Жени, прашањето може не е воопшто за овде но ми треба ваша помош. Во бременоста многу ми смета мирисот на средствата за чистење. Ве молам кажете ми кои средства ги користете за вц школка, бигор во мијалник во кујна, када со плочки и рерна и плотна. Ви благодарам