Дали има некој да сподели вежби за вртење што му помогнале на бебе од карлично поставено да се сврти за природен пораѓај
Здраво 35 недела сум и воопшто не сум добра некоја сува кашлица ме нападна; ништо не помага се убив од кашлање како нешто да ми стои во грлото .... Дали може антибиотик да пијам и кој ????Секако ќе ја прашам матичната ама додека ми каже може искуство....
Што ќе ти е антибиотик за кашлица…Мене ова по опишаново ми делува како на алергија. Оди си на матичен да ти дадат некој сируп
Има антибиотици дозволени во бременост. Секако со претходно комплетен преглед, со крвна слика, со се останато за да се утврди дали има потреба од антибиотик. За бактериски инфекции, гнојна ангина и слично, посебно во бременост е подобро антибиотик да се испие отколку да се остави недолечено во секој случај.
Јас сум гледала видеа, а и сум разговарала со наши доктори кои се во Европа, дека таму ако не е наместено бебето за природен пораѓај го вртат докторите, а кај нас одма царски договараат. Не ми е јасно навистина, кога има опција да го свртат и нема ризик ни по мајката ни по бебето зошто не го применуваат..
Зашто има ризик по мајката и по бебето, затоа и не го применуваат. Еве вака како породена царски заради карлично бебе. Јас лично не би се нафатила.
Мене второто не ми беше убаво свртено и ми кажуваа кои положби да ги заземам за да се намести. Природно се породив.
Да странство тешко породиваат царски до крај се оди на природно, го вртат бебето велат дека ептен било непријатно.. ама предходно пробуваат со вежби. Странство немаш опцика да бираш, можеш 3 дена да шеташ низ болницата и да не одат на царски ептен ако стварно нема опција за природно. Тука воопшто не породуваат доктори, само бабица една е, доктор само за царски.
Жени, јас не знам дали е до тоа што ми е трета бременост ама со првото немв болки, со второто имав благи нели нормално е и претежно кај препони уште на почеток, со ова ако постојам долго на нозе или не знам во парк сум со децава ме фаќаат ептен болки к не знам зошто иако се ми е познато знам се што следи нели секој знак, па што ме чека, со предходните не ме фаќаше ич паника, сега ме фаќа. Дали оти со ова ми е поизразено се од повраќање до болки до умор ама не се осеќам добро. Инаку ми препишаа апчиња Xonvea и денес го испив последното, се надевам дека од утре без нив нема да ми се врати повраќањето оти 5 дена ни вода ни јадење до тресење дојдов ама апчињава магични.
Само Димитров од Систина и никој друг. Од Тања од Њу борн подалеку. Пишете приватно што и да ви треба.
За преглед 4000 ми земаа и во њу борн а исто плаќам во систина. За жал еднаш годишно сите доктори од сите приватни клиники седнуваат и одлучуваат колку што ќе чини. Кај и да одиш 100 - 200 е накрај ко ќе удриш математика ќе е разлика. Кај Тања одев 2 - 3 години и моја нога таму не стапнува и гратис да ми дадат. А кај Димитров сум пола година засега презадоволна сум.
Јас пиев Cariban ама секоја вечер континуирано пошто ако не испиев една вечер наредното утро почнуваше со повраќање до попладне ..
Мене ми препишаа едно паковање ако нешто не е ок ќе и речам пак.. мада за 5 дена 33 евра се. Баш ќе видам дали има нешто поефтино и дали овие што викаш ти одат на рецепт пошо моиве не.
Здраво. Примам клексан 2 пати дневно во 9 сабајле и 21 часот вечер. Утре имам испитувања на трансфузиологија во 9, кога и како треба да го примам клексанот наутро, пред или по земањето крв?
Другарка ми е моментално во иста ситуација, 34та недела е и рекоа дека додека бебето напредува добро, нема проблем никаков. Така и ја водат цела бременост.