Не сум јас Мк. Иначе од 8ма ми ги препишаа сега сум 10та. Мислам дека погоре пишаа или во другата темна и за Cariban дека успиваат. Не знам дали е до таблетите или до прво тромесечие али јас само заспана сум.
Достапен е во некои европски земји (на пример Шпанија, Португалија, Швајцарија), но не и како стандардно регистриран лек во Северна Македонија.
Да се отстранат скроз не може само може да избледат и не се познаваат тогаш многу, но ова масло е ептен добро за до тој степен да дојде побрзо и да се поневидливи. Ако го има Мк провери Дм.
Има ризик. Стрес е за бебето, можно е да пукне водењакот и да почне пораѓајот. Мене ми понудија (во странство живеам) зошто во 36та недела не беше уште свртено ми рекоа ќе го прават тоа додека сум на бокс. Јас одбив поради некој внатрешен инстинкт, не сакав да форсирам ништо, сакав да оставам на природата, ми дадоа некои јога вежби, ги правев колку можев и си се сврте само во 37ма.
Втора бременост, првото со царски породена пред 20.5 месеци. Моментално сум 19та недела и од неделата прв пат ми се случи како благо менструални болки и благи болки во кичма. Не знам дали се лажните, бидејќи со првото не ми беа вака изразени. Утре сум на преглед, ама еве денес пак истиве болки. Вака до сега е се во ред, освен што имам тодлер и не можам ни 2 минути да одмарам. Дали имам причина за грижа?
Мене со второто ми беа многу поизразени болките, со првото немав, со второто мислев дека ми се делат и препони и кичма. Гледај одмарај, јас две имам дома на распуст ама кога ќе речам легнувам и не мрдам што сакаат нека прават. Одложи и чистење и чинии, прво одмори се. Спие ли поручек? Ако да, користи време за одмор.
Во градинка е до 4ри, јас сум до 4ри на работа и после не ми дава да дишам, опседната е со мене. Плус некоо тантруми фрла периодов и буквално не седнувам. Ептен ме плашат болкиве.
Јас со првата бременост имав многу често менструални болки од 17та недела па скоро до крај. Секој пат кога ќе ме фатеа, пиев но спа и магнезиум по препорака на Котларова и гледав да одмарам повеќе, па брзо ми се смируваа.
Еве земав ферона, а магнезиум пијам по 800мг дневно. Ќе ја прашам утре матичната дали да зголемам уште на магнезиум.
Исто..со првата немав воопшто лажни, сега имам стврдувања од 20та недела а веќе сум 30та, особено ако не одморам после работа...ама со првата не одев ни на работа (беше корона време, трудниците беа ослободени) а немав ни дете...сега и одам на работа и имам дете...вчера воопшто не одморив после работа, бараше малиот јадење, да играме, нешто низ дома морав да фатам и стомакот камен ми беше дури не си легнав (иако имам релативно мирно дете не можам да се жалам ама вчера така се погоди )..пијам и јас ферона од страв, земам магнезиум 800мг ама ако не одморам џабе..ама па магнезиумот ми прави проблеми со столица, ако земам премногу и никаквата
15+4 сум. Вчера бев кај матична се беше океј. Денес цел ден го чувствувам долниот дел од стомакот згрчен. Мислам дека сега почнувам да чувствувам и некои менструални болки. Одмарам мирувам скоро цел ден, 2 магнезиум испив ама не поминуваат. Нормално ли е?