Здраво мајки. 23 недела сум, и сеуште ептен слабо го осеќам движењето на плодот. Постелката е на преден ѕид. Дали е поради тоа,или сеуште е рано?
Zdravo zenski, dali ako mi e pominat terminot a ne sum otvorena moze da me zadrzat na patoloska? Za Gak prasuvam
Ако нема место на паталошка ќе те тераат да доаѓаш секој ден до 42 недела. После тоа ќе те задржат. Јас се породив една недела после термин ама добив болки и мораа да ме задржат, претходно ме тераа секој ден на цтг да одам.
Мајкии,какоо оди процедурата со патување во странство додека си на боледување? Септември сакаме за Хрватска да одиме, тогаш ќе сум влезена 7ми месец, меѓутоа матичната ми рече дека доволно е некој да те пријави дека си ја напуштил државата,и дека може да ти го прекинат боледувањето. Искуства?
На боледување си бидејќи си болен најнормално дека не смееш да одиш надвор од државата. На граница никој нема да ти побара боледување, ама не е во ред. Преќини го боледувањето тогаш кога ќе треба да одиш во Хрватска
Од утре влегувам во 36 недела, арна ама денес околу 11ч попладне почнаа болки во десната страна на половината, која тензично се шири кон десниот препон. Доаѓа во бранови, сега со послаб интензитет. Бев на преглед кај гинекологот, ехо и екг уредно, ме прегледа рачно, воопшто не сум отворена. Бебето е активно, со главчето е свртено надолу, а и немам стврднување на стомакот моментално. Ме загрижува болката, уште е тука, ми рече дека ако ептен добијам болки вечерва да се јавам во болница. Овие денови се преморив некако, дали и ова може да е причината? Дали да се напијам парацетамол за болка или? Дали некоја се соочила со вакво искуство?
Јас со првото, цело време имав кога влегов во 9ти. Легнував да одморам и се смируваа. Иначе ептен па во 37ма поготово, му викав на маж ми дека изгледа нема да дочекам царски закажан, зашто беше карлично, ќе биде само, ама не беше така. Плус може и натиска нешто бебе… мене доле карлицата ми ја натискаше, не можев да одам.
Цело време имам некоја тапа, слаба, болка во десната страна од половината, во една точка која тензично се шири кон десен препон. Не менува опсег, опфат болката, туку лоцирана е на тие места само, а и сега е послаба некако.... Дај боже само да истуркам уште една недела.... @monibejbi благодарам за споделеното
Мислам дека врши притисок, исто како кај Феникс со првото цел 9ти имав таква болка, со второто почна од 7ми месец секогаш кога ќе имав многу пешачено и бев преморена. Осеќај како да мислиш дека ти се дели половина и препони.. контракции не се .
Има ли мрза трудница во прв семестер како мене? Значи можам да спијам и лежам по цеееел ден и око да не ми трепне оти дома е преплавено со играчки и чинии. Ова не се има десено никогаш ваква верзија од мене немаат видено дома ставам набрзина во машината за садеви и оп хоризонтала се надевам енергија ќе ми се врати втор семестер. Инаку 12 недела сум, со повраќање ништо не е намалено без таблети, а можеби и тие ме успиваат и успоруваат последно: за двете девојки трв скрининг ми рекоа дека ќе се девојки и погодија, овој пат сакаат торта да правиме, дали има некоја која и било едно кажано, па после сменале за пол?
Јас, ама мене ме утепа повраќањето и гадењето. Плус моево тодлерче е значи некст левел опседнато со мене и јас не можам ни да легнам.. а сакам и на сред улица некогаш да се испружам. Плус одам и на работа а сум 20та недела и уште не ми е до ништо значи, би оставила да се распадне се, само да лежам сакам… Иначе имам слушнато за многу што им имаат кажано едно на прв скрининг, па на втор сосем друго. Е сега реално првиот скрининг и е само претпоставка, не можат да кажат со сигурност. Ние преку нипт дознавме.
Јас се задишувам во трет триместар премногу, има период секое утро снемувам енергија и морам да прилегнам за да се стабилизирам. Ми дадоа упат за крвна слика да проверам.
Сабајле сум ОК додека да доручкувам, после веќе денот ми е ужас и големи болки имам во кичмата,задникот и надолу нозете.