Здраво девојки. Може ли некоја од вас да сподели искуство за пораѓај кај др. Весна Чибишева - ГАК? Фала ви
А не пиеш ли ништо? Пошо јас сум исто ни голтка вода не можам да се напијам камоли да јадам ако не пијам 2 пати на ден апчиња. Јас не одам на работа ама 6г и 3г ми се дома по цел ден, клима немаме а Австрија денониве е за чудо 40 степени значи со прст не мрдам што сака нека е хаха
Ништо не ми помагаше, тек таму 18та недела подпрекина, сега само гадење имам. Иначе и инфузии примав, џабе. И овде е 500 степени, некој пеколен бран има. Исто иначе ни вода не можев да се напијам нит па да јадам нешто, зелено повраќав…
Моја другарка беше на боледување, за 1 ден во Врање плати казна 1500 евра, отказ од работа, без породилно и тужба од социјално или држава не знам точно. Беше повеќе месеци на боледување, мислам дека некој ја имаше пријавено па беа во контрола на домашна адреса и ја барале на телефон но не кревала.
И мене најмногу ми пречеше водата ништо не можев ниту да јадам ниту да пијам. Помагаа понекогаш газирана вода или кока кола, потоа бев на инфузии витамински и за хидратација. Знам во системот ставаа инекции фамосан. А матичната ми кажа можам слободно да пијам и реглан. Околу 11 недела ми помина се преку ноќ, иако уште има мириси кои ми пречат и бегам како од ѓавол. Живо место не можам ниту да видам, чепнам или мириснам.
Пробав и јас кола кола иако сум ептен љубител ми се згади за цел живот мислам. Праски и лубеница ми одговараат и живеам на шопска буквално ама како што кажав со 2 апчиња на ден. Исто како Феникс зелено жолтила повраќам ако не се напијам она цела жолчна киселина ми се чини. Јас ги пијам Xonvea и ептен ефикасни се покажаа само ме утрпа цената
Dali e normalno simptomite da se menuvaat, imav silen apetit i macini od vcera kako da gi snema 6+5 sum.
Не знам дали е за тука, но која е болницата со пеперуткиве пред врата каде се породила Дариа Мандаровска? До сега ја немам видено а баш разгледувам опции
Женски ми отекоа градите многу, особено едната кај ареолата околу брадавицата, докторот ми рече таква ми била формата на градите и има и оток па да сум ставала ладни облози со павлака, да не имал некој друг ваков проблем и како се справивте, јас земав и зелка листови зошто сум слушнала дека и тоа помага, многу е рано 14+5 недели сум само бремена. Рече ако нема подобрување за еден месец да правам ехо на дојки и некој посебен градник за нив по мерка да ми даде да земам како медицинско помагало. Инаку баш се познава како оток особено околу брадавицата како да се на собрало вода. Чудно многу.
Заборавив да додадам дека исто многу ми се лошеше од витамините. Потоа ги сменив со Novalac и супер ми беа и драстично ми се намали лошењето.
Дали некој има искуство со труење од храна? 33 недела сум, синоќа имав епизоди на повраќање и дијареа од храна што ја јадев вечерта. Не знам дали беше тровање или реакција од тешка храна, на гинеколог ми рекоа електролити, јаглен и пробиотик. Исто цел ден имав 37темп. а сега дојде до 37.7 Дали можеби треба да посетам дежурна служба?
Лично немам искуство, ама со детето имавме искуство со цревна инфекција и фала Богу што брзо сме реагирале. Мој совет е да се направат навреме испитувања да си на чисто зошто не се воопшто наивни тие разболувања и подобро е побрзо да се реагира
Не знам дали беше кај мене труње или стомачен, тогаш бев 5ти месец и бев со тт и повраќање. Ми ставија инфузија и бев на диета некој ден, електролити пиев исто, јаглен и пробиотик. После 3-4 дена имав контрола за да видат бебето.
https://www.radiomof.mk/brmenite-zh...VwPqVuSo_M1zSOS2HR_aem_5lgUzpgHJw5JMj8a1SGMag Вреди да се прочита затоа што скрининг тестовите не се секогаш показател дека нешто не е во ред. Повеќе ми личи на помодарство мое мислење.
Нема трудница мислам Мк што не прави скрининг, тука Австрија еве трета брменост кај 3 различни доктори ни еден не ми спомна скрининг. Во првите 2 бремености бременост ми потврдија Ремедика и одма ми дадоја кога би требело за скрининг, остатокот си ги водев бременостите тука. Веќе пракса од предходно ја прашав сегашнава докторка дали тука праат ми рече можеш да закажиш ама не е задолжително и повеќето не ни одат на скрининг.. јас закажав да не сум покусо со третово де. Ама ете едно од многуте разлики. А и ми спомна као за Nipt тестот повеќе е за жени 35+. Е сега кој е колку во право не знам. Јас читам по форумов и се чудам за мбогу разлики во здраствово посебно во бебе/дете темите ама пусти страв секој си слуша свој доктор.
Тоа е проблемот што секој доктор има различна пракса, никаде не е вооедначено ни за овие тестови, ни за вакцини понатаму или што и да е. Јас пример прашав педијатри во два различни града за рота вакцина и тие ми кажаа различен рок за ставање на вакцините. И ај сеа, да не знаеш како да постапиш, кому да веруваш.