Едниот педијатар задолжително пред да наполни 3 месеци, а другиот рече може и подоцна на 3,5 не било проблем.
Ние имаме Мајка-Дете книшка која е обавезна и внатре се забележуваат сите прегледи, пород каков бил, вакцини и на неа има рок од кога до кога мора прегледите и вакцините да се стават. Рота пишува од од 6-12 недела прва доза, ревакцини на 4 недели.
Мене и матичната ми кажа дека бараат пари ако сакаш одреден доктор да те породи и баш тој ден да е таму. Јас сум од мал град и овде доаѓаат од Скопје да породуваат и сите бараат пари. Моментално 4 доктори доаѓаат овде и сите до еден земаат пари.
Јас здравје ќе се пораѓам на гак па ме интересира колку пари бараат? мене досега на прегледите ништо ни ми кажале за пари на рака или слично. Еве ако е вистина нека сподели некоја членка колку пари дала
Бараат. Не дирекно де ама очекуваат и луѓето си знаат си даваат ако сакаш одреден да те породи. Золва ми му дадоја на еден доктор и јас по глава се мавав како може за работа што мораш да ја завршиш, тоа то е професија да земаш пари.. за жал така функционираат.
Kakvi pari??? A be ne sami sme si krivi.... I jas sum se porodila niti vrski niti pari, jas neznam koj izmisluva vakvi raboti.
Убаво кажа и другата членка, ако сакаш одреден доктор да те породи и да имаш поинаков третман и анестезиолог при рака се плаќа и тоа е факт. Ако не, кои ќе ти даде Господ на смена тој ќе те породи. Ако не дадиш ништо на сестрите ќе доаѓаат еднаш во денот и ова е општо за цела државна, не само ГАК. Јас лежев на друг оддел не ми носеа ни јадење, системот ми стоеше по 15 саата откако истечил. И нормално платив смешна сума на крај, ама за тие пари добиваш bare minimum, а овде до утре може да се лажеме. Здравството ни е во колапс нема што да се тешиме дека на ГАК или Чаир цветаат рози. Доволно се види по сликите на бебе старо 3 саата со селотејп излепено цело бројката и облека како глувци да ја гризале, душеци цели крвави неиспрани од пред 25 години и чаршавите како на 20 степена перени лочки од 150 жени што лежеле на нив. Во мојот град кога лежев во градска пошо повраќав после 7 дена ме прашаа дали САКАМ постелнина и ми ја дадоа сама да си ја сменам, а не па да очекуваш нешто повише.
Не бараат пари , јас го ГАК се породив и одлично поминав . Презадоволна сум. Да се едитирам, се породив без здраствено бидејќи дојдов од друга држава и клиниката ми даде рок 3 месеци да се пријавам здраствено за да не платам ништо. Лежев на пин, се породив природно ,бебе во инкубатор 54 дена . На пин имаше една жена царски породена и им понуди пари и сестрите одбија. На крај почастив со бонбоњера и сок .
Ме интересира вака некоја со висок скриен шеќер да каже искуство, од што може да биде покачен, што дава доктор за да се намали итн?
Дали знае некој ако земеш боледување во бременост, една недела, не повеќе. Нели кратат од плата, па дали така ти влегува платата во просекот за породилно?
Да ќе ти влезе пониска плата, пресметката е просек од последните 12 исплатени плати, но разликата ќе е баш мала, неколку стотки така да користи си и одмарај додека можеш
Зошто е покачен не знам.. со првото немав, со второто имав, сега за трето не знам предпоставувам пак ќе биде качен. Најчесто диета, ќе ти кажат како да се храниш. Ако и покрај храната е покачен мислам дека даваат нешто ама најчесто е диета. Иначе имаш тема за скриен шеќер, таму се споделуваат искуства и рецепти.