Нето платата влегува во просек, значи ќе се пресметува како цела плата да си земала, не се крати во пресметката за породилно.
Жени, 2 саати патовме со кола на два пати денес. Првиот пат не ми беше ништо ама сега на враќање од кога станав од кола ме боли стомак. На предно седиште седев можеби ептен исправена не знам. Неам нешо трдунички стомак ама очигледно не ми пијаше положбата. На мисла ми е треба за Мк да одиме со кола тоа ни се 13-14 саати.. искуство толку долго? Јас претежно со авиони имам искуство и на летови лесно поминував. Друго, овие два/три дена имам запек т.е тврда столица. Чаре за тоа?
Неколку вечери по ред имам болки чудни не се типични вагинални, према анусот се и баш е непријатно, а на преглед сум тек крај на август. Моментално сум на одмор и навистина незнам што може да биде, а бебето го осеќам 25та недела сум. Некоја со слично искуство?
Па оди си на приватно ако не ти се допаѓа, еве има членки кои прекрасно поминале исто еве и јас.Најбитно да ми е детето живо здраво јас а како е облецено ама уопште не ме занима за еден ден.
Здраво Треба да правам втор скрининг на ГАК но еве сеуште нема пуштено термини не може матичната да ми закаже, денес пак се јавив ми рекоа почекај уште некој ден. Исто така ми рече околу почеток на септември би требало да правам. Малку се мислам дали да чекам или да закажам приватно, ми е страв немој да нема термин, па да ми поминат неделите за втор скрининг. Докторката ме уверува дека треба да пуштат но не знае кога. Дали уште некоја членка чека како мене.
Јас бев со приоритетен упат немаше друга опција како. Мрчеа нејќеа да ме примат и не примија на крај кога им завршија термините. Се убив чекајќи. Секако ми кажаа глупост што излезе дека нема врска, па трчав на приватно да правам скрининг пак.
Исто како тебе бев, почекав и се ослободи термин, ми се јавија од мат. гинеколог, отидов и завршив работа.
Да да, вака велат исто ко ќе те пораѓаат на бокс, и плус други недолични коментари. Од искуство кажувам. Шансата за позитивно искуство од ГАК без врски и без “поткуп” на докторот и сестрите е еднаков на џек пот! И со муабети вакви “ако не ти одговара оди си на приватно”, нема никогаш да имаме нормален и емпатичен однос кон родилка на државно, нити подобри услови! Дали постои мајка што не ѝ е важно да ѝ е бебето живо и здраво? Треба ли да се чуствува виновна мајката што очекува еден хуман третман при породување во државна болница, без да “шарне” илјадници кај доктор? Не! Сите сакаме живо и здраво дете, ама сакаме и да останеме ментално здрави мајки а не да се носиме во ситуација да сакаме да скокнеме од прозор на ГАК пошо некој нема грам емпатија или љубезност кога си најранлива и беспомошна. Секоја чест за убавите искуства без врски таму (посакувам да ги има во сѐ поголем број) но моето е ужасно, во ветеринарна амбуланта ќе ми беше поарно мислам дека.
Скрос се согласувам. Крава добива боље третман нели ли жена во родилна сала. За сестрите после породување не можам да кажам збор колку можеа се трудеа, посебно на пин тие беа најкоректни. Исто гнаси се и оние кај бебињата што за да седат они раат цел ден ти го носи бебето во 6 сабајле и ти го зима во 23 вечерта. Тоа што ти си царски и не можеш да станеш да одиш до тоалет, а не цел ден да гледаш дете е друга приказна. Дај Боже да се сменети работите и дај Боже во иднина сите да имаат убаво искуство
Бебето и треба да е со тебе.. јас тука што читам искуста и ете золва ми што плати за одреден доктор инаку сум пишувала, странство е од прва минута со мајката и никогаш не е земено за да одмори мајката, нити некој друг го преслекува освен мајката, била родилката царски или природно. За остатокот дека има многу негативни коментари конкретно за Ск од типот лош однос, вреѓање и поткуп имам слушано.
Не е работата да одмарам јас, имав тежок пораѓај не беше возможно да станам и да го земам бебето за доење, а тоа душиче плаче, сестра не иде им е гајле. Треба да се има минимум чувство и да се помага барем за давање и земање од креветчето, барем првите два дена.
И мене ме интересира дали ако отворам класично боледување од две недели со дијагноза анемија, секако дека ќе бидам 70% за тие две недели, тие “намалувања” ќе ми влезат во просек за пресметка на породилното ?