Резултатот ти е убав мене ми рекоја второто нормално било да е покачено најважно било третото испитување
Па ендокринолог не би се сложил со тоа, бидејќи според нив глукозата 1ч по јадење не би требало да надминува 7.8ммол/л а после 2ч не би требало да е над 6.7ммол/л. Овие референтни важат за не-бремени личности, во бременост границите се уште построги. Најдобро е да си се консултира со ендо, за да се внимава понатаму.
Ова ми личи на габична инфекција на кожа што се прави најчесто од пот. Најдобро на лекар да отидеш да ти потврдат и брис да ти земат.
Па не треба да го нормализираме нештото ако не е во ред. Јас колку што гледам само на големиот запад е оваа пракса, во сите земји од трет свет родилката добива исто толку нега колку и новороденото. Не е исто да ти биде оставено бебето во соба и да имаш сестра на дугме што ќе трча одма што и да ти треба, и ова што се пишува овде по цел ден никој да не видиш. И не е муабетот малку сестри на смена, јас кај што се пораѓав не беа не знам колку па одма идеа. За царски можам до утре да ти дебатирам, за сериозноста на самиот зафат, ама само едно ќе кажам - едно е да се движиш и придвижуваш, друго е после мајорна абдоминална операција да се очекува од тебе и новороденче да гледаш. Пак ќе речам, после било која друга слична операција, било маж или жена небитно, една недела нема повеќе од лажица да крене. Порано знаеле многу подобро, не се бабини деветини тие 40 дена постпартум што пробуваме да ги истиснеме од нашето ново нормално.
Апчињата што ги земате против повраќање, дали одат без рецепт? И на која фирма земате? Ги има ли Xonvea таму?
Здраво женички ❤️ Конечно дојде денот што толку долго го чекавме! ❤️На 10.08.2026 на светот пристигна нашето најголемо богатство. По сите грижи, стравови, исчекување и непроспиени ноќи, конечно го држиме нашето мало чудо во раце. Не можам да ви опишам со зборови колку љубов може да собере едно мало човече. ❤️ Ви благодарам на сите женички од форумов за советите, поддршката и за тоа што бевте со мене низ целата бременост. ❤️ Се породив! Конечно станав мајка!
Девојки како што сум запознаена вториот скринин се прави од 18та до 22ра недела. Другарка која е надвор од Мк сака тука приватно да си прави се јавила да закаже не знам таму што ја прашувале и и закажале термин таа си резервирала карта. Е сега баш зборувавме кога и е терминот за преглед таа ќе е 25та недела, ајде недела дена ја водат како помало бебето но пак нели е тоа многу доцна. И реков да врти да праша можеби е грешка некоја. Има лк некој да правел после 23та недела втор скрининг.
Јас бев негде околу 22 ра недела и ми рекоа за две недели да одам пак, за убаво да се доразвиеле некои органи, за да можат убаво да направат преглед. Така што ништо страшно не е и на 25 та недела скрининг.
И јас мислам дека не е страшно ако се направи во 25та недела. Тогаш ќе можат уште подобро да видат како му се развиени органите на бебето. Јас правев во 23+3
Има ли некој случајно сликано распоред на доктори по амбуланти за преглед од 36 недела, па натаму? За ГАК прашувам. Фала
Дали може да добијам мислење од вас (искуство) за Марија Коцева кај Ложанковски и Вероника Кокорманова?
Далу некој има искуство со чешање на надворешниот дел доле, 26та немам никакво чешање внатре, нормален исцедок, пробав и со камилица миење и маст од невен ништо не ми помага. На контрола сум за 1 недела а ова ми трае веќе втора недела. Се мислам да не е некоја иритација од овие 500 степени надвор. Ве молам за мислење ❤️
Probaj nosi beli pamicni gakji i smeni prasok, peri na 60 stepeni bez omeknuvac i ne stavaj sekojdnevni