Некоја што се породила во ГАК скоро, после реновирањето, да ни каже како е со условите? Собите, бањите, хигиената, персоналот? Да знаеме што да очекуваме ние што сме следни ❤️ Да се надеваме дека е стварно подобро!
28 недела. Ве молам мислење. Мокрача,уринокултура и Копро во ред. Малку црп ме загрижува, споделете искуства...
Кога испитував во 5ти месец се беше чисто, немам односи, па би требало да се чисти.. Заби имам расипано неколку..
Може да е од забите ама за два месеци може да фатиш нешто. Направи брисеви, бактерија не се фаќа само од односи.
Докторката рече дека во ред се резултатите, нормални за 28 недела.. но мене сепак не буни црп-то. Но било добро некој да сподели искуство
Па јас имав покачено црп со претходната бременост. Покачено црп не е нормално во бременост, затоа направи брисеви. Не сакам да те плашам но мене ми ја намали плодовата вода.
Здраво, Сте користеле ли појас за во кола за трудници? Ми пречи појасот во кола кога возам и сакам да земам додаток за да не ме притиска кај стомакот па сакав да прашам за искуство некој ако има
@1Supermum Да, јас користев. Јас го имам овој https://www.besafe.com/en/pregnancy-belts/besafe-pregnant/ Само јас во Полска кај другари го нарачав, па ми го донесоа. Кај нас го барав, ама не можев да го најдам. Немаше добри опции во Мк.
Дали ви ги препорача доктор? Мене ми вели доволно е магнезиум да земам за болки слични на менструалните во рана бременост.
Па немаш потреба сега за сега, стварно ти е доволно магнезиум, земи дупла доза магнезиум. Немаш штета никаква од дополнителни витамини, токорелаксот е за да ти помогне ако имаш болки и нелагодност. Мене ми помага зашто имам многу изразени лажни контракции.
Дали си била на контрола? Пошо мене од маста што ја редат на контрола знае да ме чеша ненормално. Иначе сега гаќиве ( не знам како иако немаат ластик) ми направиле како потпарено кај бебињана и страшно ме пече. Се мијам со бебешки шампон и ставам судо крема.
Вие сте во поодмината бременост? Имавте ли болки во рана бременост? Мене докторот ми вели и од терапијата можно е да осеќам менструални болки, тегнење, влечење на матката и јајниците,ивф бременост примам пролутекс, циклогест, естрофем уште пред трансфер и болки си имам уште од трансферот.
Не сум со ивф ама имам 3 бремености и можам комотно да ти кажам дека менструални болки, па и малце по јаки онака издржливи, болка во препони, како наеднаш тапа болка при станување или менување положба се нормални.