Да, се е тоа нормално. Втора бременост ми е, првата сум царски породена и на се ова што наброја плус резот знае да ме боли. Сѐ ова е нормално, се шири матката.
Здраво мамички, јас сум 7-ма недела, слушнавме и срценце, меѓутоа, докторката ништо не ми кажа за магнезиум а гледам дека повеќето земате, дали да земам на своја рака во овие први месеци?
Нема да погрешиш ако земеш. Јас земам магнезиум си години, и во бременоста секако, но и сега кога не сум.
Јас го ставам појасот пред да седнам, седнувам врз него да речам и само делот кај градите го ставам на мене, делот што го сече стомакот останува позади. Не знам дали убаво објаснив
Исто, на почетокот на бременоста чувствував буквално тегнење на матката и грчеви, нешто што сум го немала ни во текот на менструации. А регуларна бременост, без терапија. Магнезиум пиев на Health Aid наутро и навечер од старт, некоја 7 недела бев Со лесно!
Мене ми рече да земам заради тоа што се пожалив дека чувствувам силни менструални болки исто 7 недела.
Следна недела сум на контрола па ќе видиме што ќе ми каже докторката. Почнав и јас со судо крема еве веќе втор ден ми е подобро. Загрижена сум да не е кандида пошто лани со неа се мачев 6 месеци а сум слушнала дека е честа во бременост
Денес помина прв скрининг, се е во ред ми преместија датум за 5 дена. Бебе е на преден ѕид поставено, прошлите ми беа на заден. Е сега ми рекоја дека е ниско ама као до втор скрининг треба да се крени. Некој такво искуство? Со двете предходно 12та недела беа сигурни за пол и погодија, овој пат ми рече 70% знам ама јас не сакав да ми каже оти дадите сакат торта да сечат, па валда одговор ќе добиеме за месец дена.
Скроз истата ситуација имав на прв скрининг плус и постелката ми беше многу ниско и ме исплаши докторката демек можно е да мораш царски со ваква ситуација. На вториот скрининг 22 недела веќе се беше решено и малиот си се намести како што треба и постелката.
Мене ми рече као рано е уште до тогаш ќе се крени, не ми спомна царски, а пошо со двете сум природно и уплав имам од царски.
И јас сум иста мислам дека до втор скрининг око не склопив ради тој коментар ама најверојатно кај мене беше ради постелката. Исто со сите жени што зборев што имале слична случка сите ми кажаа дека до втор скриниг се си било океј.
Рано е за дијагноза ниска постелка во 12та недела. Значи нормално е да е ниско тогаш, и мене ми беше и на втор скриниг веќе се имаше качено(21ва) Тек 28ма ако не е крената е проблем.
Сестро само спијам едно нешто ако завршам дома и како воз да ме прегазил ама мене на вечер ме кине ако наеднаш се разбудам по 3 саати седам будна.