Што те кине Мене половината на десна страна, а вчера вечерта долу во една точка пак на десната страна. Имам забележано ако се преморам ми се случува, како и лажните контракции. Овие 2 ноќи до 3 - 4утрото дежурав, 37 недела сум... Ќе издржиме, јаки сме ние жените
За 37ма е нормално такви симптоми. Мене ме кине тоа што ете 3 саати сонот не иде, а треба во 7 да станам дете да спремам за градинка па уште толку не функционирам преку ден. Едноставно без причина се будам и дежурам.
Јас 34 недела и симптомите на болки во грб и доле како сечење на најјако. Не знам дали е оти прекинав со магнезиумот, ама дефинитивно пак ќе го продолжам. Дури страв ме фаќа не можам да се движам нормално од болки…